Еве зошто е небитно што Internet Explorer 10 е достапен и за Windows 7

Interent Explorer 10 веќе не е ексклузивно достапен само на Windows 8. Сега може да се користи и на Windows 7, но само ако го имате надоградено системот во Service Pack 1. Новиот IE е побрз, дури 20 отсто побрз од „деветката“, па дури и од другите прелистувачи ако му се верува на Microsoft, и е дизајниран да ја зачува батеријата на лаптоп или таблет компјутерите. Microsoft најави дека около 90 отсто од Windows машините ќе го добијат софтверот со автоматска надоградба.

Но, се работи за Internet Explorer. Овој прелистувач е озогласен кај корисниците и веб дизајнерите поради својата некомпатибилност со веб стандардите и безбедноста, до толку што се смета за грев ако се користи од професионалци. Дури и Microsoft во својата најнова реклама за IE10 се согласи дека IE е лош, но… барем да му дадеме шанса.

[youtube]lD9FAOPBiDk[/youtube]

Друг фактор се навиките на корисниците. Само 30 отсто од корисниците во светот користат Internet Explorer, иако овој прелистувач доаѓа преинсталиран со Windows. Во Македонија овој прелистувач воопшто не се користи, само 6 отсто го користат. Наместо него се преферира Mozilla Firefox кој има одлична заедница која ќе застане зад овој прелистувач што и да му се случи, и Google Chrome кој е апсолутен фаворит благодарение на неговата брзина. Ниту корисниците на Firefox, ниту тие што го користат Chrome нема да рипнат и да се префрлат комплетно на Internet Explorer 10 затоа што Microsoft вели дека сега е подобар.

Internet Explorer 10 можеби ќе биде користен на Windows 8 десктоп или таблет компјутерите, затоа што оваа платформа е редизајнирана, па Microsoft ја има предноста пред другите. Но, еве уште еден интересен податок – во Македонија дури 40 отсто од корисниците уште се на Windows XP.

1 коментар на “Еве зошто е небитно што Internet Explorer 10 е достапен и за Windows 7

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии