EVE Online: Into the Abyss излегува утре

Една од најоригиналните ММО игри кои обработуваат епски авантури во вселената, EVE Online, ќе се поднови со целосно нова експанзија која ќе ги прошири активностите на PvE зависниците.

EVE Online: Into the Abyss е експанзија која е првенствено замислена да им овозможи на играчите нови опции за здружување на силите и запознавање со новата вонземна раса која се наоѓа во озлогласениот Abyssal Deadspace регион.

Студиото задолжено за играта, CCP Games, ветува дека таканаречената Triglavian Collective ќе располага со едни од најпредизвикувачките непријатели во New Eden и дека доколку ги победите ќе можете да извлечете mutaplasmids и да ги искористите на вашите веќе-постоечки модули. Со нив, можете да ги зголемите перформансите и вредноста на вашиот хардвер, но, доколку не внимавате, чепкањето со нив би можело да резултира со катастрофални последици и целосно да ја уништи вашата опрема.

Како бесплатна експанзија, Into the Abyss ќе воведе три нови вселенски бродови. Добрата вест е тоа што доколку сте претплатник во играта, ќе можете да направите кој било од бродовите следејќи ги соодветните нацрти. Со новите бродови (како и со старите) можете да патувате во Deadspace, да избегнувате пречки во форма на каустични облаци, да собирате плен и, во моментот кога сте задоволни, да извршите екстрација со здобиеното богатство. Вреди да се спомене дека што подлабоко истражувате толку се поголеми шансите за поимпресивен плен.

Од утре, заинтересираните ќе можат да навлезат во Abyssal Deadspace од каде било од New Eden така што ќе активираат Abyssal Filament – предмет кој можете да го тргувате со останатите играчи. Со активирање на еден Abyssal Filament, се поставува светилник кој може да ве врати назад на локацијата од која сте го започнале патувањето. Можеби претпоставувате како ова може да се искористи за интересни профитабилни цели. Имено, секој што ќе го најде светилникот може да кампува околу него и во моментот кога ќе се вратите назад да го искористи елементот на изненадување и да ви го украде тешко спечалениот плен.

Eve Online е бесплатна за играње. Преземете ја тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии