Еве неколку идеи за креативно рециклирање на стара технологија

Покрај тоа што на најголем дел од техничката роба и се радуваме како деца кога ја купуваме и инсталираме, само неколку години подоцна, кога ќе дојде нејзината замена, и кога треба да се фрли, техничката роба станува проблематична. Mashable има одбрано неколку интересни „направи си сам“ идеи што да направите со старите скенери, принтери или грамофонски плочи.

Доколку имате изгребани плочи кои се толку оштетни што не ви ги откупуваат или едноставно ви се допаѓа идејата, можете од старите грамофонски плочи да направите послужавник за колачиња. Се што ви е потребно се различни типови на плочи 33 RPM, 45 RPM и нешто што ќе искористите за средина на послужавникот, како на примерот на Buddy and Bean.

Ако ви недостасуваат старите добри дискети, тогаш токму овој проект е за вас. Се што треба е внимателно да го извадите USB-стикчето од заштитната футрола и да го вметнете во неговата нова опаковка, во стара 3-1/2 инчна дискета.

Aко поседувате стар скенер кој не работи, но сепак има функционален мотор од него може да направите пила за на маса. Сепак за овој проект е потребна исклучителна внимателност, техничко познавање, но и да бидете прилично вешти со рацете.

[youtube]PmdaVf0kplE[/youtube]

Дали некогаш сте се запрашале: „Ќе ја собере ли мачката во мониторот?“. Епа изгледа дека ако се испразни, 17-инчен монитор е повеќе од доволен доволен за мачката во него да се чувствува како дома. Се што ви останува е да го префарбате мониторот по избор.

Стариот телевизор може да биде прилично добра рамка за слика, покрај кутијата на телевизорот потребна и сијалица која нема премногу да загрева, за да не мора да се грижите дека вашиот проект е истовремено и потенцијална запалка. Освен ова потребна е копија на некоја фотографија или слика која ќе ја собере на просторот за екранот, останува да ја вклучите светилката и да уживате. Идејата е на Atomic Indy.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии