Еве неколку евтини 3Д принтери кои може да си ги дозволите

Иако се почесто сме сведоци на прекрасни 3Д копии кои се појавуваат на веб порталите, тие се креираат од 3Д принтери со цена, која барем засега, е превисока за македонски стандард. Сепак најдовме неколку 3Д принтери кои можат да си ги дозволате и со помал буџет.

Printrbot е производителот на најдостапниот принтер Printrbot Simple кој чини 300 долари, иако произведуваат 3Д принтери и за 400 и 700 долари. Printrbot Simple, покрај најниската цена, има и најмала површина за принтање – 8,9 х 8,9 х 8,9 сантиметри. Покрај ова, поради незагреаната подлога принтерот нуди поддршка единствено за принтање со PLA пластика. Добра вест е доколку ви се допаѓа принтерот, Printrbot го испорачува и во Македонија, иако поголем проблем е нарачката со оглед на тоа дека ви е потребнa PayPal или Dwolla сметка.

[youtube]tsZLqXrUhfU[/youtube]

Тајванскиот производител Kinpo Group го најави својот 3Д принтер da Vinci по цена од 500 долари. Засега нема подетални информации за принтерот, а почетокот на претпродажбата се очекува овој месец. Според најавата, принт методот е FFM кој го имаат принтерите кои чинат околу 1.400 долари, но засега нема примери за споредување на квалитетот на копиите. Доколку се оди според планот принтерот ќе пристигне во Европа во 2014 година.

[youtube]FUB1WgiAFHg[/youtube]

RepRap е „направи сам“ 3Д принтер кој чини помеѓу 439 и 629 долари во зависност од избраните опциите кои ги нуди производителот. Како што кажува најавата „направи сам“ значи дека дел од принтерот ќе мора самите да го составите, а цената на принтерот не ги вклучува деловите кои е потребно да ги испринате на друг 3Д принтер. Цената на основниот модел Prusa Mendel е 439 канадски долари, без деловите кои треба самостојно да ги испринтате. Цената на десктоп 3Д принтерот Huxley е нешто повисока и изнесува 621 долари. Документацијата и принтерите се со изворен код со GPL лиценца.

Доколку ве интересираат поскапи препораки на 3Д принтер можете да ја разгледате препораката на Fast Company.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии