Како да ја симнете Facebook Paper на вашиот iPhone

Новата апликација на Facebook, Paper, доби пофалби за својот дизајн и промовирањето на содржината, но и критики бидејќи е официјално достапна само за корисниците во САД. Но, неофицијално, апликацијата може лесно да се преземе и од сите други. Начинот со кој корисниците можат да ја предземат апликацијата е навистина едноставен, вели TechCrunch. Единствен проблем кој може да се појави е доколку имате неискористен „giftcard“ баланс на профилот, кој ќе мора да го искористите пред да ја направите промената.


Еве го начинот на кој може да ја инсталирате Paper:

  • Отворете го AppStore;
  • Скорлајте до долниот крај на екранот;
  • Одберете Apple ID;
  • Одберете View Apple ID и внесете ја вашата лозника;
  • Во делот каде што стои информацијата за државата, променете го регионот(Change country or region) во САД;
  • Кога ќе бидете запрашани за податоците за плаќање одберете „none“. Додадете рандом држава, ZIP код и телефон;
  • Веселете се и симнете ја Paper!
  • На истиот начин вратете се македонската продавница

Сепак ова нема да ви дозволи да превземете апликација која не е бесплата бидејќи за ова е потребно да имате и кредитна картичка која ќе биде регистрирана во САД. Paper e апликација која го претвора изгледот на Facebook во дигитален магазин, но и ги подредува содржините според тоа колку им се допаднале на другите или според области на интерес. За разлика од претходните Facebook верзии Paper го користи целиот екран на телефонот и изгледа одлично.

[youtube]IhrbT9O6kW8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии