Europol и FBI го затворија вториот Silk Road и уште 400 сајтови за трговија со дрога и оружје

Europol и Федералното истражно биро (FBI) во заедничка акција на 6-ти ноември затворија над 400 сајтови помеѓу кои и Silk Road 2.0 и уапсија 17 сопственици на сајтови. Ова е нajголема акција против продавниците на илегална стока на „скриениот веб“ досега. Станува збор за сајтови кои се скриени со помош на Tor мрежата. Тor мрежата иако не е креирана за трговија со илегална роба, стана препознатлива токму поради можноста криминалците да се сокријат зад анонимноста и да тргуваат слободно на сајтови кои оперираат слично како Amazon, но за трговија со наркотици, оружје, порнографија и уште куп други илегална стока. На сајтовите на скриениот интернет може да се пронајде буквално секоја забранета супстанца: хероин, кокаин, екстази, марихуана итн. Друг пак продаваат оружје, а има и такви што продаваат услуга да убијат некого. Досега изгледаше дека сајтовите се добро скриени, но последната акција покажува дека властите нашле начин како да ги откријат сопствениците на сајтовите. Но, иако бројот на затворени сајтови е околу 400, уапсени се 17 осомничени што можеби покажува дека акцијата е на почеток.

„Денес демонстриравме дека заедно може ефикасно да отстраниме клучна криминална инфраструктура која подржува организиран криминал. Не ги отстрануваме овие сервиси од јавниот интерет туку и од скриени локаци кој користат Tor за анонимизирање… Долг период криминалците се чуствуваа безбедни надвор од дофат на законот“, вели Троелс Оертинг, директор на Europol.

Засега е непознат начинот на кој се откриени овие сајтови и нивните сопственици, ниту пак се знае со сигурност дека акцијата ќе го стопира нелегалното тргување. Со претходното затворање на првиот Silk Road, не беше постигнато ништо за прекинување на трговијата, туку на местото на една голема продавница се појавија 18 нови продавници на скриениот интернет и 47.000 нови понуди за наркотици, јави Digital Citizens Alliance. Само во периодот од 29 јануари до 22 август, бројот на вкупните понуди на скриениот интернет пораснал од 41.207 на 65.595 продукти, анајголемиот дел од нив се наркотици чии број пораснал од 32.029 на 46.907.

Иако затварањето на сајтови требаше да ги реши проблемите со криминалот, сепак според некои може само да направи да биде полоши. Washington Post пишува и за опасностите на кои сега се подложни зависниците од наркотици. Станува збор за начинот на кој функционира на пример Silk Road, наркотиците се проверени, а слично како eBay продавачите имаат свој рејтинг. Така наркотиците во просек имаат 29 ревизии, што им покажува на зависниците што купуваат. За пример MDMA со нечистоии може да ги убие корисниците. „MDMA е тешко да се пронајде во чиста форма, а нечистотиите можат да ве убијат. Ако купите MDMA од продавач со рејтинг 4.9/5 можете да бидете сигурни дека купувате квалитетен производ“, вели корисник на форумот на Hacker News.

„Примероци од овие наркотици се испитани во лаборатории и покажуваат висока чистота“, вели FBI агентот Кристофер Тарбел за наркотиците кои зависниците можеа да ги купат на Silk Road. „Доплнително со отстранување на трговијата со наркотици од улиците на интернет се прекинува поврзувањето помеѓу насилството на уличните дилери и зависниците“.

Во претходното апсење на сопственикот на оригиналниот Silk Road, Род Улбрихт, се проценува дека вредноста на империјата која ја создаде провајќи нелегални наркотици, оружје, хакерски алати, порнографија и слично за само две години и шест месеци достигна 1,2 милијарди долари. Изненадувачки во оваа акција и покрај големиот број на затворени сајтови се запленети bitcoin-и со вредност од единствено еден милион долари. Засега нема информации за вредноста на затворените Silk Road 2.0 и останатите 400 сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии