Europeana надмина 14 милиони парчиња културно наследство

Европската веб библиотека ги надмина очекувањата и за 2010 година наместо 10 милиони, сега има над 14 милиони парчиња културно наследство од разните европски земји.

Europeana, која стартуваше во 2008 година , содржи дигитализирани книги, мапи, фотографии, слики, музејски објекти, филмски и музички клипчиња кои ја покажуваат културната разновидност на земјите членки. Пример, најнови додадени елементи се бугарски ракопис од 1221 година со детали за историјата на бугарскиот јазик, првата литванска книга „Catechismusa prasty szadei“ објавена во 1546 г., копија од 1558 на Аристотеловата „Реторика“ на старо-грчки и латински, слики од 17 век на холандскиот сликан Јан Стен, целосните дела на германските автори Гете и Шилер…

Иако сите земји членки придонесуваат, најголеми приложувач досега се Франција со 18 отсто, односно Германија со 17 отсто од вкупниот материјал.

„Europeana е одличен пример како соработка на европско ниво може да ни ги збогати нашите животи. 14 милиони објекти достапни онлајн се добри вести за сите интернет корисници кои сакат да имаат пристап до културните материјали од европските библиотеки, музеи и архиви. Но Europeana може да да биде уште подобра ако повеќе културни институции ги дигитализираат своите колекции и ги направат достапни преку овој европски портал.“, вели потпретседателката на Европската комисија за Дигиталната Агенда, Нели Крус.

Во моментот составен е комитет Comité des Sages кој ќе подготви извештај како да се забрза процесот на дигитализација на европското културно наслетство.

1 коментар на “Europeana надмина 14 милиони парчиња културно наследство

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии