ЕУ земјите ги игнорираат новите правила за интернет колачиња

ЕУ ќе им дозволи една година период на сајтовите да се адаптираат кон новите правила кои денеска, 25-ти мај, стапуваат на сила. Правилата бараат секој сајт да ги информира и побара дозвола од корисниците за сите колачиња кои ја следат корисничката активност, a кои не се потребни за функцинирање на сајтот.

Колачињата (cookies) се мал софтвер кој ги има на секој веб сајт, вклучувајќи го и IT.com.mk и сајтовите кои ги воведуаат правилата. Колачињата им користат на сајтовите за полесна анализа на посетите, му овозможување на корисникот да не се логира на секоја посета, т.е. сајтот да му ги помни одбраните опциите при првата посета, и служат за таргетирани реклами, кои понекогаш се параноични бидејќи делуваат како некој да ве набљудува постојано, пример, ќе почнете да гледате реклами низ различни сајтовите за продукти кои сте ги претходно побарале на Google.

Иако ова е логичен потег за заштита на приватноста, односно заштита од таргетираниот маркетинг кој собира лични податоци, самите правила се непрактични и можат да резултираат во спам од страна на сајтовите врз корисниците бидејќи секој сајт ќе ги прашуваат корисниците за дозвола за сè и сешто, иако секој сајт во својот текст за приватноста посочува дека прибира колачиња и го објаснува тој процес. Новите ЕУ правила не се почитуваат од ИТ индустријата бидејќи во моментот не постои практичен начин да се испочитуваат.

Всушност, самиот прелистувач преку кој сурфате во моментот има опција за да дозволува колачиња. Ако ви смета следењето тогаш тргнете ја таа дозвола, пример во Firefox -> Оptions -> Privacy -> Use custom settings for history -> Accept cookies from sites. За многу земји самото вклучување на оваа опција во прелистувачите е доказ дека корисникот дозволува прибирање на колачињата, односно сајтовите функционираат според правилата на ЕУ.

Како едно решение се појави опцијата Do not Track од Mozilla и Google како додаток за нивните прелистувачи. Но, и со такви додатоци несомнено е дека правилата за колачиња се лошо склопени без некое поконретно решение и најверојатно ЕУ ќе мора да ги изфорсира правилата или да менува доколку не сака да се добие спам поп-ап прозори на секој сајт, а според многу други и економски да заостане зад САД, во смисла европските сервиси да не бидат привлечни за корисниците.

(via PCWorld)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии