ЕУ со истрага дали Google ги манипулира резултатите и рекламите

Истрагата за анти-конкурентноста е започната по поплаки на конкурентите во интернет пребарувањето како Ciao (сопственост на Microsoft), британската Foundem, и францускиот ejustice.fr кои обвинуваат дека Google ги врзувал клиентите со договори да ја користат само нивната рекламна платформа AdSense, а не таа на конкурентите, и дека Google ги манипулира клучни зборови и резултатите поврзани со конкурентите, во предноста на своите сервиси.

Еве дел од официјалното соопштение на Европската комисија:

„Интернет пребарувачот на Google прикажува два вида резултати кога луѓето пребаруваат информација. Овие се неплатени резултати, кои понекогаш опишани како „природни“, „органски“ или „алгоритмички“ резултати од пребарувањето, и реклами од трети странки кои се појавуваат најгоре и на десната страна од страната со резултати на Google (таканаречени платени резултати или спонзорирани линкови).

Kомисијата ќе истражи дали Google ја искористува својата доминантна маркетинг позиција во онлајн пребарувањето со наводно намалување на ранговите на неплатените резултати од конкурентните сервиси кои се специјализирани во обезбедување на корисникот со специфична онлајн содржина како споредба на цени (таканаречени вертикални пребарувачки сервиси) и според привилигирањето местење на резултатите на своите вертикални пребарувачки сервиси. Комисијата ќе ги разгледа и обвинувањето дека Google ја намалувал „оценката на квалитетот“ за спонзорираните линкови со конкурентните вертикални пребарувачки сервиси. Оценката за квалитет е еден од факторите кои ги одредува цените за Google рекламите.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии