ЕУ сака „нова ренесанса“ со закачување на културното богатство онлајн

Let’s get our cultural heritage online and drive a new renaissance. Report here http://tiny.cc/comitesagesMon Jan 10 12:01:16 via web

„Според истражување, вкупно 100 милијарди евра ќе бидат потребни, со тек на време, да се донесе целосното културно наследство онлајн. Затоа оваа инвестиција мора да биде внимателно планирана и ко-ординирана за да ги добие најдобрите резултати.“, се вели во извештајот.

Резултите, пак, и бенефитот ќе бидат што онлајн културното наследство ќе може да се споделува полесно, да се поврзе сегашноста со минатото, да се зачува истото како и да се зачуваат интересите на европските креатори, да се инспирира креативноста и да се предизвика иновации, како иновативни веб сервиси за туризам.

Предложениот план е да се искористи Europeana енциклопедијата како централна точка за дигитализацијата која ќе ги има сите дела до 2016-та, делата заштитени со авторските права, но кои не се дистрибуирани комерцијално, да бидат онлајн со тоа што ќе им се надокнади соодветно на авторите, земјите-членки ќе треба да го зголемат финансирањето на дигитализацијата за да се генерираат работи и раст и секое дигитално дело ќе биде архивирано во Europeana со цел да се зачува.