ЕУ сака драстично да ги намали цените за роаминг

Европскиот Парламент бара уште помали цени за роаминг услугите, помали дури и од предложените цени од европската комисарка Нели Крус. Парламентот сака да ги намали цените кои се профитабилен извор на индустријата. Дури 5 отсто од продажбите и 7 отсто од операцискиот профит доаѓа од роаминг услугите, пишува Reuters.

Мобилната индустрија веќе се согласи на идејата на г-ѓа. Крус, која предложи да се стави лимит на роаминг цените кој ќе важи за сите земји-членки, и да се воведе метод кој ќе им овозможи на корисницит да си одберат нов провајдер кога влегуваат во друга земја.

Но, сега Парламентот сака цената за една минута повик од странство да биде 15 евро центи, што е помалку од предложените 24 центи од г-ѓа. Крус. Цената за 1 мегабајт додека корисникот е во странство треба да биде 20 центи, намалено од 50 центи.

Според германскиот политичар кој ги предложи намалувањата на цените, Ангелика Ниблер, мобилните оператори не треба да имаат различни цени според локацијата на корисникот.

„Не треба да има плаќање за роаминг во време кога треба да имаме единствен пазар.“

Доколку се дојде до решение и истото се изгласа, се очекува овие нови цени да стапат во сила во 2015-та година. Што се однесува до роаминг цените од македонските оператори, земјата сè уште не е влезена во ЕУ за да има потреба да ги следи нивните правила.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии