EУ повика кон ослободување на јавните податоци за потранспарентно владеење

Граѓаните ќе бидат посигурни доколку можат да проверат дали луѓето кои ги избраа ги информираат за тоа што работат и како работат. Ова е реченица од говорот „Од криза до oтворена Влада“ на Нели Крус, потпретседателката на Европската Комисија која е одговорна за европската Дигитална Агенда.

Г-ѓа. Крус во својот говор во Братислава, презентиран на претставувањето на планот на словачката влада за отворено општество, повика сите влади да го следат примерот на Словачка и да се потрудат да ги искористат дигиталните алатки за потранспарентно владеење.

„Европа се соочува со дигитална трансформација. Има толку многу начини како тоа и помага на нашето општество и економија.“

Во 2011-та година, вели еврокомесарката, во Европа се продале околу 170 милиони паметни телефони, 20 милиони таблет компјутери и 60 милиони компјутери. Бројот на интернет корисници во ЕУ се искачува на 400 милиони, од нешто над 500 милиони европејци.

„Но дигиталната револуција не значи само да се има нови кул гаџети или нови начини за интеракција. Овие алатки го променуваат начинот како наоѓаме информација и се изразуваме. Тие можат да ја обноват политиката и да дадат поддршка на демократијата.“, вели таа. „Го видовме екстремниот и добродојдениот пример од Арапската пролет – каде онлајн друштвените медиуми им помогнаа на протестантите да најдат излез од тиранијата.“

Според г-ѓа. Крус, владите мора да станат е-Влади и да понудат јавни сервиси кои ќе бидат лесно и поефтино достапни, пример да се оди на веб да се регистрира бизнис, да се пријавите на факултет или да се има пристап до здравството. Но, за такви сервиси потребно е да се ослободат јавните податоци.

„Отварањето не е само добро за транспареност, туку стимулира и добра веб содржина и поттикнува раст за идната економија. Затоа и велам дека податоците се новото гориво на дигиталната ера.“

Затоа следниот чекор на Европската комисија е да го убеди Европскиот парламент да прифати правила кои ќе дозволат единствен пазар на дигитални податоци кои ќе можат да се искористат од сите европски граѓани да изградат апликации.

Целиот говор на еврокомесарката Нели Крус ќе го најдете на англиски, и на македонски (преведен со Google Translate).

Што се однесува до Македонија, што верувам дека многумина се заинтересирани да ја споредите со ЕУ, покрај разни е-Влада сервиси постои и план за ослободување на јавните податоци. МИО го предложи планот, а владата го прифати. Останува само да видиме како тој план ќе се имплементира, и дали и како македонските компании и програмери ќе ги искористат тие податоци.

1 коментар на “EУ повика кон ослободување на јавните податоци за потранспарентно владеење

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии