ЕУ oтвори истрага против Samsung заради нефер користење на 3G патенти

Европската Комисија отвори истрага за да провери дали Samsung ги користел патентите за безжична 3G технологија за да ја „совлада конкуренцијата во европскиот мобилен пазар“, односно одбивал да им издаде на конкурентите лиценци за користење на технологијата која е стандард во мобилната индустрија.

Според FRAND условите, сите компании во индустријата се обврзани да издаваат лиценци за користење на технологии кои се неопходни за индустриските стандарди по фер, соодветни и не-дискриминирачки основи. Samsung се обрза дека ќе ги следи фер правилата во 1998-ма пред Европскиот институт за телекомуникациски стандарди.

Но, Комисијата вели дека ќе започне истрага по своја иницијатива за да провери дали Samsung се придржувал до договорените стандарди. Комисијата се сомнева дека во 2011-та година јужно-корејската компанија побарала од разни земји-членки да го блокираат конкурентите на основа дека ги прекршуваат нивните патентите.

Во минативе две години Samsung влезе во постојана судска војна со Apple, каде двата мобилни производители се обинуваа меѓусобно дека си ги копираат уредите и прекршуваат патентите. Во неколку наврати, во неколку земји, Apple успеа да се избори за кратки забрани за продажба на Samsung Galaxy Tab уредите. Како одговор, Samsung го обвини Apple дека прекршиле 13 нивни патенти за 3G технологија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии