Европскиот Парламент изразува загриженост околу можноста организацијата на ОН  да добие контрола врз Интернетот. BBC известува дека рускиот Кремљ и останатите се заинтересирани за клучни системи да бидат преземени од Обединетите Нации.

ITU (Меѓународна Телекомуникациска Унија) сака да го пререгулира телекомуникацискиот простор кој последен пат е разгледуван 1988 во Мелбурн, а  оттогаш технологијата и светот се многу различни. Сепак и покрај ова, Европскиот Парламент побара од своите членки да ги одбијат промените и новото регулирање. Членот 1 и 2 од резолуцијата која ја донесе Европскиот Парламент гласи:

„Советот и Комисијата треба да се обезбедат дека сите промени на Меѓународните телекомуникациски прописите се компатибилни со правото на ЕУ, и понатаму цел и интерес на Унијата, со унапредување на интернетот како јавно место, што е едно од основните човековите права и основните слободи, особено слобода на изразување и здружување, почитување на принципите на слободен пазар, неутралност на интернет и претприемништвото да бидат обезбедени.“

„Некои ITR предлози за реформа, а се презентирани од страна на ITU-членки негативно ќе влијаат на интернетот, неговата архитектура, операции, содржината и безбедност, деловни односи, управување со интернет и слободен проток на информации.“

Целта на Обединетите Нации е земјите членки да имаат подеднакви права при менаџирање на интернетот, но истражувачите од институтот „George Mason“ на страната WCITLeaks објавија дел од документите и предлозите кои треба да бидат усвоени. Тоа што е интересно е дека дел од документите се барање од страна на Русија да се намали американското влијание врз интернет.

Претходно со слични, но и уште погласни критики, излезе гигантот Google, кој критикуваше за можна цензура и затворање на пазарите. Наместо либеризација, постои сомневање дека сервисите како YouTube, Google+, Facebook или Skype ќе треба да плаќаат различни „претплати“ при преминувањето на услугите преку граници. И покрај тоа што сите се согласни, дека новиот договор треба да го подобри широкопојасниот интернет, во земјите во развој Google стравува дека токму компаниите кои нудат најмногу услуги ќе треба да плаќаат данок за влез во земјите.

Светската конференција за интернационалните телекомуникации (Wcit) ќе се одржи од 3-14 декември во Дубаи, а за да дојде до ново решение одлуката ќе треба да биде донесена со консензуз.

[youtube]vzlhTU0sNPw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии