EУ му се закани на Microsoft да додаде избор на веб прелистувачи во Windows

Европската комисија објави дека е започната процедура која ќе утврди дали Microsoft се спротистави на барањето да овозможи избор на прелистувач при инсталација на Windows. 

Комисијата е убедена дека компанијата не успеа на своите корисници да им понуди избор на прелистувач во оперативниот систем Windows 7. Oд Microsoft беше побарано да понуди прозорец за избор на веб прелистувач во текот на инсталацијата на Windows. Целта е да се зголеми конкуренцијата, наместо Microsoft да ја користи својата доминација на пазарот нудејќи само Internet Explorer кој доаѓа со Windows, додека другите прелистувачи мора да се симнат од интернет.

 „Нашите одлуки се многу сериозни. Веруваме дека извештаите на компанијата се точни, но се чини дека тоа не е случај. Ќе мора веднаш да предземеме некои мерки. Ако нашите истражувања покажат дека Microsoft не го надминал проблемот, ќе предземеме санкции.“, вели Хозе Алмуниа, потпретседател во комисијата за конкуренција.

Останатите прелисувачи се жалеа на одлуката на Microsoft бидејќи ваков избор на прелистувач не е присутен ни во Windows 8. Ако комисијата оцени дека  Microsoft не ја исполнил својата обврска, казната може да достигне и неверојатни 10 проценти од годишната заработка која изнесува околу 69 милијарди долари.

Но, се чини дека Microsoft си има свој изговор кој ќе го одоговлече целиот процес, посебно сега кога ќе стартува и новиот Windows 8 кој има целосно редизајниран интерфејс и нов начин на креирање на апликации што им прави проблем на одредени прелистувачи.

„Поради технички проблеми, не успеавме да го испорачаме BSC (browser choice screen) иако овој екран е планиран за Windows 7 SP1. Преземаме мерки да ја поправиме оваа грешка, длабоко жалиме поради ова и се извинуваме.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии