.eu.mk не е валидна наставка за домен име

За оние кои послабо се информирани во врска со домен име како и наставките, повеќе може да прочитаат во претходните постови кои сме ги имале во врска со оваа тематика на следните линкови:

Главниот регистрар одговорен за регистрација и менаџирање на .mk домените во Македонија до 13.01.2011 беше МАРНет. Поради одредени закони и слично тие објавија дека повеќе не се одговорни за .mk домените и дека не се во можност да вршат регистрација на нови домени како и измени кај веќе регистрираните домени. Еве ја нивната официјална изјава:

Македонски регистрар - Марнет

Во ред, ја почитуваме одлуката, Mинистерството за информатика ја превзема одговорноста од сега. Тие изјавија дека се припрема нова организација која што ќе раководи со .mk доменот. Јас сум оптимист за ова и мислам дека новата организација ќе биде подобра и работите за регистрација на .mk домени ќе се одвиваат побрзо.

Во врска со ова дадов и изјава во Нова Македонија мислејќи дека текстот ќе биде конкретно само за МАРНет, но за жал истиот ме разочара кога го прочитав наредниот ден: Додека се чека на .мк се регистрираат домени на еу.мк. Првo, дадов изјава за наслов за кој што не очекував дека ќе биде таков. И второ, истиот е неточен (фразата: домени на еу.мк). Не постои официјална наставка eu.mk за да може да се регистрираат домени со истата. Можеби ќе си речете како не постои, па нели има .org.mk .net.mk .gov.mk .name.mk , па зошто да не постои и .eu.mk. Веќе постои tld наставка .eu која што може да ја користат само државјани на Европската Унија, па од ова би се размислиле дека постои и .eu.mk.

Не е точно. Не постои .eu.mk наставка за регистрација на домени.

Главниот Top Level Domain DOMAIN (tld) за Македонија е .mk. МАРНет до пред некоја година не дозволуваше регистрација на .mk домените (мислам само на .mk наставката, за да може да имате домен како ime.mk ), туку си имаше воведено еден вид на поддомени на .mk топ левел доменот како што се: .com.mk .org.mk … се со цел да се знае кој домен за каква организација е одговорен (дали комерцијална .com.mk, дали невладина организација .org.mk, дали владина .gov.mk и слично). Подоцна се дозволи регистрација на домени со top level наставката .mk па секој можеше да си регистрира домен име директно со главната наставка, како на пример: ime.mk.

При регистрација на овие домени, МАРНет немаше забрана за регистрација на домени со една или две букви, па некои компании се израдуваа и ги закупија сите домени со една наставка од типот 1.mk a.mk и слично, но тоа е во ред, first come, first served.

Аха, значи може јас да си регистрирам домен со една буква така? Добро со една веќе ги зафатија, ајде да видам домен со две букви. Ми текна за eu.mk. Баш интересно ДОМЕН име.

Ете овде лежи забуната. Значи сега не е наставка (eu.mk) туку е регистрирано домен име со наставка: .mk и име (главниот дел од доменот): eu.

И така не ми е важно која е фирмата што го има регистрирано овој домен: eu.mk, туку зошто рекламира регистрација на домени со .eu.mk наставка, кога .eu.mk не е наставка, туку е домен име? Затоа сите што досега си нарачавте „домен“ со наставка .eu.mk имајте на ум дека тоа е само еден sub-domain на доменот .eu.mk.

Што е sub-domain? Sub-domain или јас го нарекувам поддомен е име што е креирано од главното домен име. Наједноставно може да се објасни со пример. Mkhost.com.mk e домен име (domain name) со наставка: .com.mk и име mkhost, додека пак primer.mkhost.com.mk е поддомен (sub-domain) на доменот mkhost.com.mk со „подиме“ primer на главното име: mkhost и наставката .com.mk. Најчесто поддомените имаат улога кога сакаме да одделиме одреден сервис од нашиот веб сајт, па така некои веб сајтови го практикуваат ова. Ако нашиот сајт е информативен сајт за компанијата и сакаме да креираме нова под страница која што ќе биде одговорна за пишување на статии на нашиот блог, тогаш би креирале поддомен име: blog.ime.mk, па така нашиот блог за компанијата ќе може да се пристапува директно преку поддомен името што сме го креирале, наместо да пишуваме: ime.mk/blog. Можеби blog.ime.mk е полесно за помнење и затоа повеќе веб сајтови се одлучуваат за ваков тип на креирање поддомени.

Значи ако закупивте primer.eu.mk, закупивте само еден поддомен на главниот домен: eu.mk. Па добро што му фали? Ми е гајле дали се вика домен или поддомен? Се си е во ред, си ставив сајт, ми работи, си имам сајт со .eu.mk па ми е гајле за овие термини со домени, поддомени и триста други информатички термини. Не би кажал дека сте во право.

Проблемите со .eu.mk

  • Вие не поседувате реално домен име и во случај да ви го исклучат не може да се жалите во МАРНет или во новата организација што ќе биде одговорна за .mk.
  • Не може да смените хостинг провајдер и да си го хостирате вашиот .eu.mk домен (читајте поддомен) на друга локација. Зошто да не може, ќе им кажам да сменат DNS записи за моето домен име? Во ред, ќе им кажете, ќе ви ги сменат, но што ќе се случи доколку нивниот хостинг сервер стане недостапен? И вашите DNS записи паѓаат во тој момент и сајтот не ви е достапен, иако го хостирате кај друг провајдер. Зошто е ова вака? Затоа што сите тие домени ги креираат на еден ист сервер, односно хостинг. А како што проверив тоа е некој странски хостинг провајдер каде што ги додаваат вашите поддомени. И доволно е само еден проблем со хостинг серверот и сите ваши .eu.mk домени стануваат недостапни.
  • Го хостирате веб сајтот на сервер каде што ќе бидат хостирани сите или повеќето од .eu.mk поддомените. Доколку е така, доволно е еден веб сајт да биде заразен со Malware/Virus-и или пак да биде хакиран/експлоатиран и хакерот/кракерот ќе добие пристап до информациите до сите останати поддомени за кои вие ќе нема да бидете свесни.
  • Сите поддомени се хостирани на една патека и хостинг компанијата со еден хостинг account ги додава и ги менаџира поддомените.
  • Дали ќе може самите да си креирате емаил адреси кога ќе посакате? Дали емаил комуникацијата ќе ви биде безбедна со вашите бизнис партнери?
  • Што ако МАРНет или новата организација одговорна за .mk доменот одлучи да го исклучи .eu.mk доменот. Кој ќе ви ги надомести сите рекламни материјали со името на вашиот поддомен?
  • Што доколку компанијата што ви ја нуди моментално услугата престане со работа и одбие да биде одговорна за вашите поддомени објаснувајќи ви ја тогаш вистината за нивните поддомени?

Немам ништо против компанијата што го нуди ова, но треба да дадат објаснување дека не се работи за вистинско домен име и доколку некој се одлучи да закупи, да знае точно што купил и дека постои ризик со тоа поддомен име. И за крај очекувам да се стави ред и да се запазат сите детали во иднина во врска со регистрација на .mk домените. Да се овозможи лесна, брза и електронска регистрација на домените, така да секојц македонски корисник би можел да си регистрира .mk домен име веднаш кога ќе посака и ќе му дојде идеа. Знам многу луѓе кои во моментот имале идеи за одредени имиња кои сакале да ги претворат во веб проекти, но поради спората регистрација и мануелните процедури истите се откажале и имињата ги занемариле. Зошто во време кога скоро секој има кредитна картичка и интернет пристап да не може веднаш да си регистрира свое домен име и да се радува дека е негово и започнал веднаш со реализирање на веб проектот .

ПС: Немам ништо против ниту кон новинарката што го објави текстот во Нова Македонија во врска со Марнет, туку имав само забелешка за насловот на статијата. Баш ми е мило што ме контактираше за изјава за Марнет и очекувањата во врска со новата организација која ќе биде одговорна за .mk домените. Па да се надеваме дека во иднина ќе добиеме еден современ регистрар!

16 коментари на “.eu.mk не е валидна наставка за домен име

  1. Mojata kompanija ima domen .eu.mk i mn od dekstovite ovde se netocni

    1. Imame Hosting nezavisno od Acvilla t.e domenot ni e postaven na bluehsot.com
    2. Imame tehnicki pristap sami da si manipulirame so dns-ite t.e sami da si go postavuvame domenot kade sakame
    3. email adresi i sl. gi imame site moznosti vo zavisnost od serverot kade sme postaveni

    Za mene .eu.mk e isto kako .com.mk samo prasanje e na izbor t.e na marketing

    a vakvi tekstovi kako onoj pogore od 1 metro..mi se samo nekako kako izliv na frustracii :)

  2. „..зошто да го третираме .eu.mk. полошо од .mk. само затоа што припаѓа на некоја фирма…“

    Неможе да ги третираме исто .мк и .еу.мк од проста причина што одговорноста на регистарот е различна. .мк е домен на земја, контролиран од официјални институции, додека .еу.мк може да ви го снема доменот ако Аквила или било која друга фирма заборави да плати фактура или банкротира или сл.

    1. Со сопственоста на доменот и сигурносните проблеми се согласувам…

      Али другото… Стварно не вреди текстов , срамота е да се рече дека сајтот ќе се хостира кај eu.mk , или дека ако еден сајт од хостинг може да го инфицира целиот сервер… епа да , али тоа можно е за тие што не вовеле никакви заштити , ограничувања на exec() итн. итн.

    2. што знам дамјан, за eu.mk ќе си потпишеш договор и во него се ќе си пишува. судовите се тука да санкционираат ако некој не оди според договорот (секако тоа е крајна инстанца, која постои за да соработниците не застраната)

      а гледај што се случи со марнет, закон, владина одлука, уставен суд .. .mk. парализиран 2 месеци – жалба нема, процедура за промена нема.

  3. „..зошто да го третираме .eu.mk. полошо од .mk. само затоа што припаѓа на некоја фирма…“
    Ако добро се сеќавам на стариот правилник од МАРНЕТ, регистрантот не смееше да го продава доменот или негови поддомени. Сега ништо не функционира и .eu.mk ќе работат ама што ако со новиот правилник се забрани ова? Што со тие што платиле за цела година?

    1. nikoj ne vika deka ke go zatvorat eu.mk domenot, NO treba da sfatite deka Vie nemate sopstvenost nitu pravna nitu administratorska kon hosting akauntot. sto vi se nudi. Vaka, za polesno, go kupuvam usa.mk domenot za 620 den (310 narednite godini) i vi nudam poddomeni za 620 plus hosting. Sekoj domen vo svojot hosting vo princip ima neogranicen broj subdomeni i vi prodavam demek ime.usa.mk, ime2.usa.mk, no ako od bilo koi pricini, a ne se slucuva retko da se suspendira nekoj host od pricini (spam, null, mnogu queries, optovaruvanje na server itn itn) togas site tie subdomeni pagjaat zaedno so nego. Togas i vasiot html sajt sto nema nikakvi posebni optovaruvanja kon sostavot pagja zaedno so site drugi a go pricinil eden sajt. Zatoa kupete si .mk ili .com domen i registrirajte si svoj host, cenite se od 550 do 3000 kolku sto gi gledam. Taka ke si imate sopstvenost i bezbednost.

  4. Сајтот http://eu.mk/ е хостиран во Далас, Тексас. Домеинот eu.mk е регистриран со приватна регистрација, значи може да биде од било кого.

    Јас НЕ би купил ime.eu.mk дури и да ми треба нешто баш такво. Всушност, јас не би купил ни ime.mk заради 1001 причина.

    1. Како мислиш "приватна регистрација"?
      eu.mk е регистриран од страна на АКВИЛА КОРПОРАЦИЈА ДОО Скопје, Друштво за производство и услуги http://dns.marnet.net.mk/registar.php?dom=eu.mk

      Инаку во голем дел од текстот не се согласувам. Сметам дека Иван премногу "испаничил". Бидејќи не можам целиот текст да го обработам во моментов (иако го прочитав) ќе се осврнам само на дел-два:
      > Дали ќе може самите да си креирате емаил адреси кога ќе посакате?
      Зошто не би можел? Ако можам да си креирам сам емаил адреси на домен primer.com.mk (муабетот ми е ако хостот го поддржува тоа, знаеш, cPanel и такви ствари) тогаш ќе можам и преку субдоменот кој е домен а кој не е домен да си ги креирам истите.

      > Главниот Top Level Domain DOMAIN (tld) за Македонија е .mk
      Апсолутно точно. Ама не заборавај дека .com.mk, истото правило, го прави да биде субдомен.
      Значи и .eu.mk и .com.mk се потполно исти во технички аспект. Не знам зошто толкава забуна.

      Дали е етички да се практикува ова? Мислам дека не е.

      1. Адил, проблемот не е во техничките аспекти, туку во административни. Кој ја има одговорноста за вашиот домен е клучно, а не дали може да се создадат .еу.мк е-маил адреси.

      2. (prostete na latinicata)

        Vo toj kontekst se soglasuvam Damjan, ama samo vo toj kontekst.
        Znaci cisto od bezbednost na dolgorocen plan ne bi preporacal da zemes domen koj e subdomen.
        Problemot nastanuva sto vo tekstov se navedeni mnogu nevistini, namerni ili nenamerni.
        > Го хостирате веб сајтот на сервер каде што ќе бидат хостирани сите или повеќето од .eu.mk поддомените. Доколку е така, доволно е еден веб сајт да биде заразен со Malware/Virus-и или пак да биде хакиран/експлоатиран и хакерот/кракерот ќе добие пристап до информациите до сите останати поддомени за кои вие ќе нема да бидете свесни.

        Seriozno, najseriozno? Celiov tekst e buuuuu strasen a bez nikakva izdrzanost.
        Vo osnov, mnogu ednostavna e situacijata.
        – nemas tehnicka ili pravna kontrola vrz tvojos (sub)domen
        – ne e vo red da se prodava da ovoj nacin bez klientot da bide dobro izvesten deka primer.com.mk e registriran od MARNET, institucija zadolzena za toa, a primer.eu.mk e registriran i e vo sopstvenost na AKVILA ili kako i da se vikase firmata.
        Sopstvenik sum na hosting firma, po nekoja slucajnost imame domen koj se sostoi od 2 bukvi + ekstenzijata .mk, ama ne sme planirame da prodavame negovi subdomeni bidejki smetam deka ednostavno ne e vo red prema nasite klienti preku zabluda da im zememe pari.

        Ama toa e toa, do tuka samo tekstot e izdrzan i vo tie konteksti. Ostanatoto mene mi izgleda kako tip na nepotrebna panika. Znaci lugeto treba da bidat izvesteni za toa, ako vekje hosting kompanijata ne saka da go napravi toa togas eve IT.com.mk so pomos na Ivan ke go napravat, no ne i so raskazuvanje na tolku strasni prikazni.
        Ima seriozni nevistini vo tekstot, i navistina ne mi smeta niv da gi citam na mkhost.com.mk bidejki mozam toa da go opravdam na nekoj nacin, megutoa mi smeta vakov tekst da citam na IT portal.
        Go procitavte tekstot kako redakcija pred da go objavite, se soglasuvate celosno so nego?

  5. Прво секоја чест што јавно си го изнесуваш мислењето, но во некои работи не се согласувам со тебе. Тоа дека си изваден од контекст во сензационалистичките статии на НМ и како што викаш, немаш проблем со тоа, неможам да го прифатам основно заради тоа што, веќе треба да им се стави крај на квази новинарчињата што мислат дека можат бога за очи да го фатат (да не кажам за што друго).

    Додека станува прашање за eu.mk каде еу е подомен а после се редат уште други поддомени како на пример http://2em.eu.mk/ не гледам ништо лошо, само мора да се има контрола врз фирмата, просто од гледна точка на бизнис етика. Таков пример е HIT.BG која во време на домен хаосот и монопол во Бугарија со .bg, tld-от било поефтнино и полесно да се регистрира страница. До пред некоја година се многу популарни но барем човек знае со кој си има работа. http://goo.gl/otGAt

    Поздрав и продолжете похрабро.

  6. Врска нема ова. DNS-от е намерно хиерархиски систем, па така .mk и .eu.mk се домени кои ги управува некој ентитет. Нема зашто да го третираме .eu.mk. полошо од .mk. само затоа што припаѓа на некоја фирма.

    А за се што си купуваат луѓето ваљда потпишуваат договор во кој се наведени условите на користење.

    Да нема забуна, коментирам за тезата „.еу.мк“ не е „ВИСТИНСКИ“ домен. Со .eu.mk немам ништо нити знам кои се.

    1. Се согласувам…

      Е сега има 2 работи што не ми се допаѓаат:

      -колку што знам , домени со име com net org info gov eu, неможеа да се регистрираат… незнам како eu.mk успеале да регистрираат такво нешто.

      -Не ја сваќам смислата на доменот .eu.mk , мислам – која е поврзаноста сега Македонија , па ЕУ… но тоа нивна работа , што би рекле некои – За секоја работа се наоѓаат клиенти…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии