ЕУ казни девет компании за местење на цените на мемориски чипови

Картелот ги местел цените од јули 1998 година до јуни 2002, и функционирал преку мрежа на контакти кои споделувале тајни информации, во главно на билатерални основи, преку кој ги координирале нивото на цените за DRAM чиповите што ги продавале на производителите на персонални компјутери, се вели во соопштението на Европската комисија.

Интересно ова е прв случај на спогодба според која компаниите добија 10% попуст на казните бидејќи соработувале со властите.

„Со потврдувањето на нивната вмешаност во картелот, компаниите и дозволија на Европската Комисија да ја затвори оваа долга истрага и да ослободи ресурси за други истраги за осомничени картели.“ вели евро-комесарот за конкуренција Жоаким Алмунија додавајќи дека оваа процедура може да помогне во забрзување на други истраги.

Претходно, во 2004 година, истите компании беа казнетии од САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии