EУ ќе воведe нови, построги правила за заштита на корисничките податоци

За да ги заштити корисниците од корпорациите Европската Комисија ќе воведе нови построги правила за заштита на податоците. Подпретседателката на Европската Комисија, Вивиен Рединг, на DLD конференцијата, рече дека е потребно корисниците да им веруваат на компаниите, и дека мора индивидуалците да бидат во контрола на своите информации.

Правилата ќе треба да ги регулираат начините на како друштвените мрежи како Facebook ги користат личните податоци на корисниците, и како ги складираат во облакот. Правилата треба да дадат одговор на прашањето – кому му припаѓаат податоците?

„Денеска многу луѓе, посебно помладите не се свесни за полисите за приватност кога креираат профили на друштвните мрежи. Во исто време, постарите не се свесни дека нивните податоци од пребарувањето може да се искористат од онлајн огласувачите. Правилата се јасни – тие бараат согласност од корисникот – но овие правила не се соодветно спроведени.“

Еден од поголемите проблеми со кои се соочува Европската Унија е што има многу различни правила. Според г-ѓа. Рединг, правилата мора да бидат поедноставни бидејќи како што се во моментов бизнисите имаат околу 2,3 милијарди евра дополнителните трошоци од фрагментацијата.

Според документите до кои дојде Reuters, правилата ќе им дадат поголема моќ на регулаторите да се справат со злоупотреба на податоците, и ќе биде побарано од компаниите да ги информираат регулаторите кога ќе има кражба на податоци. Компаниите кои ќе работат спротивно правилата ќе бидат казнети соодветно од земјите-членки. Казната најверојатно ќе биде 5% од глобалниот приход.

Индивидуалните корисници, пак, ќе се здобијат со „правото да бидат заборавени“, односно нивните податоци да бидат избришани од сервисот. Исто така ќе има правило за „портабилност на податоците“ за да може да се префрлат од еден на друг сервис.

Новите правила за заштита на корисничките податоци, кои ќе бидат објавени на 25 јануари, ќе мора да бидат одоборени од сите земји-членки. Тоа би можело да значи дека правилата ќе стапат во сила во 2014 или 2015 година.

[youtube]ztt664YQj-s[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии