ЕУ ќе инвестира во технологија која ќе го симулира човечкиот мозок

Европската Комисија ќе ги финансира The Human Brain Project и Graphen. Проектите заедно ќе добијат милијарда евра во следните 10 години. Средствата се доделуваат под проектот идни и технологии кои доаѓаат (The Future and Emerging Technologies, FET) кој е започнат од 2009 година.

The Human Brain, се обидува да направи симулација на човечкиот мозок. За таа цел тимот има амбициозен план да ги собере сите информации кои ги имаме за мозокот, но и начинот на кој функционира и да ги интегрира во комјутерски модел. Проектот е предводен од Хенри Маркам, електрофизиолог од Јужна Африка, доколку проектот биде  успешен не само што ќе помогне подобро  да го разбереме начинот на кој што функционира мозокот туку ќе донесе и нови идеи за нови генерации на компјутери.

[youtube]JqMpGrM5ECo[/youtube]

Проектот наречен Графин, е предводен од професорот Јари Кинарет од Универзитетот во Стокхолм. Целта на овој проект е да ја развие употребата на материјалот (графин) во комјутери, батерии и сензори. Материјалот е дебел само еден атом, но е одличен електричен и термички проводник. Покрај ова има голема цврстина и непропушта гасови. Се очекува од 2015 до 2020 година да се појават првите графин дисплеи, а во десетте години потоа, ќе се појават и првите транзистори кои ќе се изработуваат од графин.

[youtube]SXmVnHgwOZs[/youtube]

Европската Комисија ги избра овие два проекти пред се поради „ветувањата“ кои ги носат со себе, првиот ќе помогне за медицински напредок кај мозочните нарушувања, додека графинот ќе револуционира повеќе индустрии.

Европа веќе го подготвува наследникот за финансирање на научни проекти Horizon 2020. За структурата на програмата се преговара уште од сега, но некои од преговарачите и набљудувачите стравуваат дека средствата ќе бидат намалени, јавува Nature.

1 коментар на “ЕУ ќе инвестира во технологија која ќе го симулира човечкиот мозок

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии