Европската Унија и 22-те земји членки го потпишаа Anti-Counterfeiting Trade Agreement, попознат како ACTA. Сега останува уште на Европскиот парламент да гласа за договорот кoj e склопен за да се бори против фалсификатите и нелегалната содржина која ги прекршува авторските права.

Но, овој договор беше критикуван од многу организации за човекови права и слобода на интернет бидејќи е напишан зад затворени врата, во тајност и е маскиран како трговски договор, а не легислатива која ќе го криминализира прекршувањата на авторски права со цел да и задоволи на забавната индустрија.

Проблемот со ACTA е што ќе даде моќ на ново владино тело да воведе нови криминални санкции (како гасење од интернет по три опомени) за секакво споделување на нелегална информации. За да се регулира содржината подобро, со ACTA ќе се обврзат провајдерите да ја набљудуваат и цензурираат онлајн комуникацијата.

[youtube]N8Xg_C2YmG0[/youtube]

Според европската група за заштита на правата на интернет корисниците, La Quadrature du Net, граѓаните мора да протестираат против ACTA бидејќи ова е сличен закон како контроверзните американски SOPA и PIPA.

„Денешнава церемонија со потпишување на АCTA e симбол на избегнување на демократијата за да се воводеат полиси кои ја повредуваат слободата на комуникациите и иновацијата ширум светот.“

Еден сегмент од ACTA што го прави договорот контроверзен е што се бара од интернет провајдерите да не хостираат слободен софтвер кој има пристап до лиценцирана содржина, пример SourceForge или P2P технологии како BitTorrent.

Според Free Software фондацијата, ACTA му се заканува на слободниот софтвер бидејќи креира „култура во која креирањето на слободен софтвер се гледа како опасно и заканувачко дело, наместо како на креативен и иновативен акт“.

Се очекува ACTA да заглави во Европскиот парламент, исто како што се случи и со американската SOPA чие гласање беше одложено од Конгресот по масовните протести.

[youtube]citzRjwk-sQ[/youtube]

1 коментар на “EУ ja потпиша контроверзната ACTA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии