ЕУ инвестира во „една апликација за сите платформи“ проект

Како што е во моментот девелоперите работат со разни платформи, секогаш променувајќи ја апликацијата да одговара на платформите. Според описот од сајтот на Webinos, тоа е проект кој „ќе дефинира и достави Платформа со отворен код и софтверски компоненти за Идниот интернет во форма на веб екстензии“, што значи апликациите ќе се користат преку веб наместо да бидат репрограмирани во други кодови за други оперативни системи.

„Проблемот е екстремната платформска фрагментација. Имаме многу разни платформи кои имаат апликации – iPhone, Android, Symbian – и тоа се само од мобилната страна. Ако го продолжите тоа да вклучува и автомобилски делови и потрошувачка електроника тогаш добивате многу плаформи.“ вели лидерот на проект Стефан Стеглич за BBC.

„Сакаме да направиме систем кој работи на сите платформи и домени, каде девелоперот креира една апликација за една платформа и ви дозволува да ја користите на сите уреди – мобилни, автомобилски, гејминг итн.“

Webinos е подржан од неколку големи компании како Sony Ericsson, Samsung, Deutsche Telekom, BMW… како и од World Wide Web конзорциумот.

1 коментар на “ЕУ инвестира во „една апликација за сите платформи“ проект

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии