ЕУ го одобри крајнот рок за ослободувањeто на 4G спектарот

Може да се очекува наскоро европејците да имаат 4G пристап до интернет преку мобилни уреди. Европскиот парламент официјално ја одобри фрефенцијата 800 MHz за ултрабрзата 4G мобилна мрежа.

Сега 800 MHz фрекфенцијата се користи за аналогна телевизија, но овој краен рок поставен од Европскиот парламент диктира дека државите членки на Европска унија мораат да ja ослободат таа фрекфенција до јануари 2013 година, со исклучок за држави што се малку поспори во целиот процес. Тие држави што нема да успеат да го стигнат крајниот рок можат да добијат „оправдување”.

Оваа фрекфенција е многу згодна за мобилен трансфер на информации затоа што може да патува големи растојанија без да изгуби од силата, и подобро „да пробие ѕидови“, нешто што е доста потребно во секоја модерна средина.

Шведскиот политичар Гунар Хукмарк, човекот што стои позади оваа легислатива, се надева дека ова решение да се ослободи спектарот за модерни безжични мрежи ќе овозможи Европската Унија да има најбрз мобилен интернет во светот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии