ЕУ бара заштита на малолетните во гејмингот

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Со испраќање на еден вид ултиматум од две години, Европската Унија бара од гејминг индустријата да изнајде решение преку кое ќе може да ги заштити очите на малолетните од насилни и крвави сцени присутни во скоро секоја популарна игра. На прес конференцијата беше истакнато дека овој потег е важен бидејќи игрите значајно влијаат на општествениот развој.

Нерешениот мит околу тоа дали игрите всушност охрабруваат агресивно однесување кај децата повторно стана актуелен како и поврзување на агресивните игри со огромна популарност со се почестите случувања во светот каде што малолетни студенти се обидуваат да убијат свои соученици.

{mosimage}

ЕУ изјави дека доколку не се најде начин ќе мора после 2 години да донесе закони и да ги забрани поголемиот број од игри. Исто така од европските комесари беше истакнато дека компаниите кои произведуваат игри треба повидливо да го истакнуваат логото кое објаснува за кого е наменета играта во своите рекламни пораки.

Сегашните методи и закони за регулирање на овој проблем според ЕУ се покажале како несоодветни за реалната ситуација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии