Правни работи

Етички принципи

Последно ажурирање:

IT.mk работи согласно долунаведените етички принципи. На сите уредници, автори и соработници на IT.mk им е посочена оваа етичка изјава и сите се советувани да се придржуваат до неа.

1. IT.mk препродава електронски уреди

IT.mk преку својата партнерска мрежа на компании препродава различни видови хардвер и електронски уреди. Производите што ги продаваме се пласираат преку сервисот IT.mk/Маркет и можат да бидат присутни како понуда на насловната или на која било друга страница на сајтот. Производите се јасно означени со копче „НАРАЧАЈ“, „КУПИ“ или „ОДБЕРИ“.

Изборот на хардвер се врши врз основа на избор од редакцијата, препорака од партнерската мрежа, како и достапноста, заинтересираноста и цената на производите.

За електронските уреди продадени преку IT.mk/Маркет јасно е назначено кој ја врши дистрибуцијата и кој е надлежен за издавање и управување со гаранцијата. Во најголем дел од случаите тоа се нашите партнери, кои може да бидат дистрибутери, продавачи или производители на уредите.

Доколку IT.mk има соработка со некој од производителите, дистрибутерите или продавачите на ИТ опрема, соработката ќе биде јасно означена на сајтот. Исклучок се спонзорираните ПР објави на IT.mk во кои огласувачот ги дефинира тонот, понудата, начинот на дистрибуција и гаранцијата. Секој текст означен како ПР текст со назнака „Спонзорирано“ треба да се третира како реклама.

2. Маркетинг

Бизнис-моделот на IT.mk е да остварува приходи од рекламен простор на сајтот и своите сервиси, како ИТ Кариера, преку премиум членство, препродажба на уреди и производи, како маици, и слично.

IT.mk продава рекламни банери и по импресии, но останува фокусиран на квалитетот на содржината наместо на кликбејт и зголемување на бројот на посетители само за да продаде повеќе импресии. Овој бизнис-модел не значи дека редакцијата на IT.mk ќе го компромитира својот став или обврска кон читателите. IT.mk професионално информира, го поддржува и промовира македонскиот ИТ потенцијал од 2007 година и ги почитува етичките принципи на онлајн новинарството и етичкото работење.

Секој објавен ПР текст на сајтот е означен со назнака „Спонзорирано од...“ и на крајот содржи информација од кого е закупен. Сите текстови што не се означени како спонзорирани се авторски текстови на редакцијата или соработниците на IT.mk и ги претставуваат нивните гледишта и искуства. За нив никогаш не се зема дополнителен надомест, хонорар, пласман или дистрибуција од компаниите споменати во текстот.

Кај рецензиите направени во соработка со компанија, таа информација соодветно се истакнува во самиот текст или на неговиот крај. Дел од објавените рецензии се за производи купени од авторот или од IT.mk.

Сите реклами објавени на IT.mk треба да бидат во согласност со законите и регулативите. IT.mk го задржува правото да забрани рекламирање политички, порнографски или содржини за кои постои сомнеж дека се нелегални или неетички.

3. Конфликт на интереси

Доколку во информацијата што се споделува се зборува за компанија со која IT.mk има соработка, или компанијата издавач на IT.mk, IWM Network, има директна соработка или партнерство, тоа ќе биде означено на крајот од текстот (пример).

IT.mk ги советува сите свои соработници да ги објаснат своите соработки, партнерства, роднински или пријателски врски во самиот текст или на неговиот крај.

4. Став на авторите и професионалните стандарди

IT.mk ќе се придржува до професионалните стандарди на новинарството. Каде што има простор, IT.mk ќе им дозволи на авторите да го споделат своето лично гледиште, искуство или размислување во соодветна форма, како осврт на настан, рецензија, критичка колумна и друго.

Истото правило важи и за гостинските текстови. IT.mk често соработува со надворешни соработници кои објавуваат своја содржина. Тие текстови се означени како гостински и се предмет на уредување пред да бидат објавени.

Ставовите во авторските текстови не треба да се сметаат за официјални ставови на IT.mk или IWM Network, освен кога тоа е изречно наведено.

5. Етичките принципи може да се променат

IT.mk може да ги менува своите етички принципи согласно развојот на професионалните стандарди. За повеќе детали околу принципите можете да ни пишете на [email protected].

Дополнително прочитајте ги Условите за користење и Политиката за приватност.

13. Вештачка интелигенција

IT.mk активно користи алатки базирани на вештачка интелигенција во редакциските и техничките процеси.

AI може да се користи за истражување, анализа, транскрипција, превод, обработка на податоци, подготовка и уредување содржина, создавање визуелни материјали, како и за целосно или делумно генерирање на одредени содржини.

Дел од содржините на IT.mk може да бидат создадени со значителна помош од AI или автоматизирано генерирани и објавени.

Човечки надзор и можни грешки

Каде што е практично, настојуваме AI-генерираната содржина да помине низ човечка проверка, уредување или модерација.

Сепак, поради автоматизираната природа на дел од процесите и обемот и брзината на објавување, не можеме да гарантираме дека секоја содржина ќе биде проверена од човек пред да стане јавно достапна.

AI системите може да направат фактичка грешка, погрешно да интерпретираат информација, да пропуштат важен контекст или да генерираат неточна содржина.

Доколку идентификуваме материјална грешка, ќе настојуваме да ја исправиме, дополниме или отстраниме во разумен рок. Читателите исто така можат да ни пријават потенцијална грешка преку контактите на редакцијата.

Одговорна употреба

При изборот и користењето на генеративни AI технологии, се потпираме и на јавно објавените принципи, безбедносни стандарди и етички насоки на водечките компании во областа, меѓу кои OpenAI, Anthropic и Google.

Имаме доверба во нивните напори за развој на безбедни и одговорни AI системи и нивните насоки ги земаме предвид како дополнителна рамка при нашата работа.

Сепак, нивните стандарди не ја заменуваат сопствената уредничка проценка и одговорност на IT.mk.

Уредничка одговорност

Без разлика дали содржината е напишана од човек, создадена со помош на AI или генерирана преку автоматизиран процес, IT.mk настојува таа да ги следи истите основни принципи за точност, транспарентност и одговорност.

Кога употребата на AI е суштински дел од конкретна содржина и сметаме дека тоа е релевантно за читателот, содржината може да биде соодветно означена.

Мени
Заедница
Изглед