Етан Зукерман: Слушање на глобални гласови

Првото е дека луѓето ќе станат активисти се додека од нив барате да повторат, ретвитаат фаза, а не нешто повеќе. Втората и поинтереснaта поента што може да се научи од „бразилско“ истражување на г-дин. Зукерман е што на Twitter постои огромен број бразилски корисници.

„Ова е изненадување, бидејќи на друштвените мрежи ние комуницираме со тие што ние сакаме да комуницираме. Тоа значи дека јас, американски гик комуницирам со уште многу американски гикови без да сум свесен дека постои огромна бразилска заедница на Twitter.“ вели тој на својот TED говор.

Според неговите истражувања на друштвените мрежи постојат сегрегирани локални заедници кои малку комуницираат меѓу себе.

„Интернетот не требаше да биде вака.“ вели тој.

Споредувајќи ја структурата на глобализацијата и влијанието на медиумите, се гледа дека локалните/националните медиуми достигаат само до една локална публика. Така се добива свет каде што информации од разни земји не се достапни за други.

Пример, вели г-дин. Зукерман „јас можам да купам вода флаширана во Фиџи во било кој американски супермаркет. Но многу тешко ќе најдам филм или весник од Фиџи.“

Ако се спореди конзумацијата на вестите, во просек неверојатни 95% од публиката посетува локални весници за информации, само 5% се заинтересирани за информации од други земји што води кон „замислен космополитизам.“

„Го имаме интернетот, мислиме дека е најдобра технологија, мислиме дека добиваме поглед кон светот. Но всушност забораваме дека повеќето време ги проверуваме резултатите на Бостон Ред Сокс.“

Погледнете го импресивниот говор на Етан Зукарман и како со помош на локалните блогови и Global Voices Online се споделуваат влијателни информации.

1 коментар на “Етан Зукерман: Слушање на глобални гласови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии