Естонските судови ќе врачуваат судски покани преку Facebook, Twitter и имејл

Во една од најразвиените ИТ земји во Европа, и светот, започнува дискусија околу предлог-закон кој ќе даде легална основа на естонските судови да праќаат покани преку друштвените мрежи.

„Една од главнице причини зошто судските спорови се одвлекуваат во Естонија е најчесто многу спората испорака на важни документи за тие инвелвирани.“, вели портпаролот на Министерството за правда на Естонија.

Портпаролот додава дека скоро една третина од граѓанските спорови се во фаза на доставување на документи. За да го решат овој проблем Естонија го претставува овој предлог-законот со кој судовите ќе можат да испратат линк преку друштвените мрежи или преку имејл, кој ќе води до соодветните судски документи.

Документите ќе бидат официјално и легално доставени само откако личноста ќе кликне на линкот и ќе ги отвори документите преку сајтот до кој се добива пристап со електроснка идентификациска картичка што се издава на сите возрасни естонци, пишува AFP.

Според статистиките, во земјата со 1.3 милиони жители, над 65 отсто од граѓаните го посетуваат својот Facebook профил барем еднаш неделно.

Покрај Естонија, од неодамна и британските судови се одлучија да ги користат друштвените мрежи за да достават судски покани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии