Eстонскиот стартап Ridango со едно поинакво решение за електронски билет за јавен превоз

Без никакво сомневање, замената на хартиени картички со нови електронски картички е одлично решение. Имплементацијата на истото, не баш. Најголемиот проблем е со ограничувањето за купувањето на билетите. Дополнително, чудното инсистирање на ЈСП за плаќање со мобилен или електронски билет е проблематично; главна причина е тоа што двата телеком оператори не се еднакво третирани и билети може да се платат единствено од еден од операторите.

Недостапноста на билети во автобусите сега е најголемиот проблем. ЈСП најавува дека и во автобусите ќе има билети, но засега ова не е случај.

Системот кој се користи во Шведска и е креиран од естонскиот стартап Ridango, е едно од најсовремените решенија. Ridango e добитник на повеќе награди во Шведска, а разликата со решението на ЈСП и не е толку голема. Сепак Ridango овозможува купување и издавање на билети во автобусите. Сепак клучната разлика е во исплатата со телефон. Решението на Ridago овозможува скенирање на QR-код за плаќање.

Апликацијaта е достапна за преземање за сите телефони и го прикажува кодот кога има потреба од ова.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии