Есенската распродажба на Steam би требало да започне денеска

Една од поголемите распродажби на Steam која секоја година нè подготвува за масовната зимска распродажба би требало да започне побргу отколку што би можеле да очекуваме. Имено, веб сајтот Steam Database ископа дека Steam Autumn Sale започнува попладнево, на 25 ноември, во 19:00 часот. Од Steam Database дури и побрзаа да постават сајт кој го одбројува времето до почетокот на распродажбата.

Од Valve ни збор за можната распродажба, но кога ќе се земе во предвид дека и претходните две есенски распродажби започнаа во Среда, со слични датуми, тогаш се чини дека распродажбата е повеќе од сигурна.

Steam Database предвидуваат дека денеска ќе се објават и номинациите за Steam Awards. Стандардните категории ќе бидат проширени со две нови, како Best Soundtrack и Sit Back and Relax.

Од друга страна, Epic Store заземаа скроз различен пристап и си предвреме, јасно и гласно, официјализираа дека нивната Black Friday распродажба започнува на 26 ноември и ќе трае до 3 декември.

Image

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии