Error 53 може да го блокира iPhone, но Apple вели дека е заради безбедност на корисниците

Error 53 е добра грешка за корисниците, вели Apple. Откако над 180.000 корисници се пожалија на сајтот на Apple дека грешката им го блокирала телефонот, Apple излезе со објаснување дека Error 53 е наменета да ја штити безбедноста на корисниците. Но, многумина се сомневаат во вистината која доаѓа од Купертино.

Грешката се појавува доколку телефонот е сервисиран надвор од Apple, поточно доколку Home копчето кое го содржи сензорот за отпечатоци на прсти се поправа од неофицијален сервисер. Грешката се регистрира доколку iOS 9 регистрира разлика помеѓу компонентите во телефнот, првенствено помеѓу регистрираното копче со кое се отчитува отпечатокот и останатите компоненти. Дел од корисниците кои сега имаат цигла наместо телефон велат дека не го ни сервисирале телефонот, туку тој можел да продолжи и да работи и покрај грешката. Сепак последната iOS 9 надградба успешно ги расипа сите овие телефони, без притоа да ги предпреди корисниците.

Guardian вели дека можеби позадината на целата приказна е обидот на Apple да ги истисне сервисерите. Се разбира причината за ова се парите на корисниците, а како за телефоните Apple преплаќа и за поправката. Поправка која во Apple чини 236 долари, кај независен сервисер би чинела само мал дел од оваа сума. Можеби проблемот немаше да биде толку голем доколку компанијата ги предупредеше корисниците за можната опасност. Вака најголем дел од коментарите се дека на компанијата најмногу се грижи за својот џеб, критикуваат корисниците.

2 коментари на “Error 53 може да го блокира iPhone, но Apple вели дека е заради безбедност на корисниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии