еRoll е добра идеја за читање е-книги, вели 22-годишниот дизајнер

„Пред се не би рекол дека ова е таблет, таблет значи табла која има цврста површина како iPad-от. Ова е нешто поразлично што технологијата во скоро време ке има можност да го направи. Инспирацијата ја добив од античките ролни, на кој што се пишувале пораки, кој претставувале еден вид комуникација. Идејата ја “влечам” уште многу одамна, од кога искочија првите екрани кој што се виткаат само до некој степен, дизајнот го направив пред неколку месеца, а го објавив пред недела дена, што за чудо се погоди во истиот ден кога Sony објави екран што се мота во ролна. Што значи дека веќе има технологија да се направи во финален производот на пазарот и сметам дека тајмингот е добар да се направи eRoll кој според рецензиите на интернет би претставувал сериозна конкуренција на iPad и Кindle. Доколку се споредат само ке видиме дека за читање книги eRoll е подобар во следниве точки, а тоа се помали димензии, ергономски покомпактен и посигурен дизајн.“

Дали планираш да го дадеш дизајнот за можна изработка на продуктот? Дали мислиш дека вакви интересни но чудни уреди се уредите на иднината?

„Во случајов на eRoll верувам дека екологијата ќе биде најблагодарна бидејќи околу 200 милиони дрва годишно се сечат само за да се задоволат нашите задоволства за читање. Верувам дека со мојот дизајн, новата технологија и интернетот, би можеле да влеземе во една нова фаза на читање електронски документи со претплата на омилените весници, списанија, книги и сл.“

Повеќе фотографии од eRoll можат да се видат на сајтот на Машинскиот факултет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии