Ерик Шмит за неуспехот на Google Wave

„Запaмтете, ние ги славиме нашите неуспеси. Ова е компанија каде е апсолутно ОК да се пробува нешто што е многу тешко, дали ќе или нема да биде успешно, и ние учиме од тоа и го наученото го користиме за нешто ново.“ вели г-дин. Шмит во видеото подолу (via ТechCrunch) додавајќи дека ако е успешен прудукт Google цврсто ќе застане зад него.

Тој објаснува дека Google често стартува проект, има период каде тој проект се набљудува и ако започне да расне тие само го забрзуваат процесот.

По тоа следи интересно прашање од МГ Зиглер од TechCrunch дали Wave тимот ќе биде префрлен на Buzz, уште еден Google продукт за друштвен медиум споделување, но кој е врзан со Gmail. И Buzz, како и Wave, привлече корисници само месец-два по стартувањето и сега комплетно го снема т.е не е користен.

1 коментар на “Ерик Шмит за неуспехот на Google Wave

  1. Google Wave е пред своето време.

    „3Д имејлот“, како што популарно го промовираа, е непотребен во доба кога класичниот имејл сеуште не е надминат, а камоли застарен, за 9 од 10 корисници.

    Доста од неуспехот се должи и на штурата реклама, барем за наши услови. Сервисот е стварно бонбона, и заштедува многу нерви, средства, време, има навистина едно чудо предности… но ако промоцијата е хомогена и еднострана, наместо прилагодена кон целната маркетинг средина, тогаш „џабе везеш“…

    Навистина штета, ама сепак да бидеме стрпливи. Јас ќе си чекам ;)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии