Ерик Шмит вели дека Chrome и Android ќе останат оделени продукти, и (можеби) најави Google Now за iOS

Оперативните системи Chrome и Android на Google ќе си останат оделени продукти уште долго време, вели претседателот на бордот на Google, Ерик Шмит. Со ова г. Шмит ги смири шпекулациите кои се појавија откако Google постави хромирана Android статуа на својот кампус во Маунтин Вју, Калифорнија.

Оваа статуа веднаш се поврза со именувањето на Сундар Пичаи, кој ги води Google Apps и Chrome проектите, како шеф за Android наместо Едни Рубин. Но, г. Шмит решително ја отфрли можноста Android и Chrome да бидат споени во еден оперативен систем, ниту пак дека ќе бидат отфрлени како што неодамна беше отфрлен Google Reader. Десетици милиони корисници сè уште се зачудени зошто беше изгасен овој популарен RSS сервис.

На настан во Индија, г. Шмит исто така наговести дека постои можност апликацијата за контекстуално пребарување Google Now да се појави за iOS б. Неговиот коментар „Apple има полиса за проверување на апликации, некои ги одобруваат, а некои не“ иако не открива многу, сепак сугерира дека Google можеби веќе има креирано iOS апликација за Now.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии