Ерик Шмит: Вештачката интелегенција пристига

Вештачката интелегенција пристига, а дури сега може да го забележиме вистинскиот прогрес, вели Ерик Шмит од Google, во статијата која е дел од Intelligent Machines серијата на BBC.

Фокусирајќи се главно на искуствата на Google, г-дин Шмит објаснува зошто денес се наоѓаме во ренесансата на вештачката интелегенција.

„На пример, тимот на Геоф Хинтон, еден од пионерите на вештачките неврални мрежи, најголем дел од идеите ги имаше во 1980 кога компјутерите беа премноги бавни за нивна реализација. Продолжи да работи и во следните 20 години, во 2009 тој и неговите студенти креираа одлична технологија за препознавање на говор“. Истата технологија сега е дел од Google откако компанијата го регрутираше тимот на г-дин Хинтон.

Вештачката интелегенција и алгоритмите можат да помогнат во многу области, од препознавањетно на слики и можноста да ја пронајдете првата фотографија, на пример на вашето куче, па се до музичките сервиси кои можат да предвидат која песна ќе му се допадне на корисникот, па ќе можат и да му ја понудат истата.

„Денес може да креираме паметен систем кој од реалниот свет ќе научи – што им се допаѓа на слушателите, но и да предвиди што ќе им се допадне следно, како и која и каде е следната Адел“, вели г-дин Шмитх потсетувајќи дека пред само десет години за ова беше потребно цела група на уредници и модератори на содржини кои ги бираа содржините за слушателите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии