Ericsson оптимисти, 5G мејнстрим до 2020 година

Дејан Соколоски

во Веб

Ниту една друга мобилна мрежа нема да биде побрзо распространета од 5G. Предвидувањата на Ericsson се дека до 2020 година, 5G мрежата ќе биде мејнстрим. До 2024,  надградбата на мрежата ќе биде достапна на над 40% од светската популација.

Причините на кои Ericsson го темели своето убедување се повеќебројни: интересот на корисниците; интересот на производителите на чипови; и производителите на паметни телефони. Само овој месец се појавија вести за следните 5G телефони и за следните генерации на модеми за 5G мрежа. Дополнителен притисок за брзо префрлање на 5G доаѓа и од технологиите кои се подготвени, но за имплементација се чека на новата мобилна мрежа, веројатно најдобар пример за ова се автономните возила.

Први исчекорот ќе го направат производителите на паметни телефони. До крајот на 2019 година ќе се појават околу 10 телефони со поддршка за 5G мрежа. Најголем дел од овие уреди ќе излезат пред април, вели Venturebeat. До 2020 година трета генерација на 5G чипови ќе биде инсталирана во уредите, а корисниците ќе имаат поголем избор на уреди.

Очекувањата се дека по имплементација на 5G ќе започне брза трансформација на повеќе постоечки сектори од автономни возила, до здравство. Дополнително, дел од технологиите на пример доставата со дронови, чекаат на 5G мрежата да започнат со првите тестови, а потоа и првите достави.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии