еRepublik, онлајн игра со која се менува историјата

IT.mk редакција

во Совети

(ова е гостински текст на Мартин Давитковски, член на форумот на IT.com.mk)

{mosimage} eRepublik е игра која се игра преку прелистувачот и во неа играчот се става во улога на граѓанин на една држава. Почнувате така што си барате работа, се вработувате и треба да работите секој ден. Со секое работење се зголемува вештината по што откако ќе достигне одредено ниво може да се пријавите за повисоко работно место, што значи и повисока плата. Освен што може да работите, секој ден можете да тренирате со војската и со тоа да си зголемувате силата, што многу е важно во случај на војна.

Важно е да се напомене дека со секое работење или тренирање ви се намалува добросостојбата, која се зголемува со јадење. Сите овие активности (работење, тренирање, јадење) носат по 1 поен за искуство кои ги користите за качување на левел/нивоа. Со поголем левел имате можност да правите нешто ново, како на пример да се зачлените во политичка партија, да отворите своја фирма, можете да се кандидирате за претседател, за парламент каде што се донесуваат таксите, пример, за храна колкава да биде за увоз…

Проблем е што Македонија не е сеуште додадена, но ни требаат повеќе играчи се надеваме дека наскоро ќе не додадат, моментално сме околу 300 играчи колку за споредба Грција има 6.500 граѓани, Србија 13.000 граѓани, Америка 20.000+ граѓани, Бугарија 800 граѓани. Албанија, Косово, Црна Гора не се додадени сеуште.

Повеќе информации за Erepublik можете да најдете на :



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии