Ердоган најави крај за Uber во Турција, полицијата започна да казнува

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на рамаданската вечера во петок, најави дека Uber е „готов“ во Турција. Според г. Ердоган министерот за внатрешни работи веќе ја издал наредбата.

„Оваа работа која се вика Uber се појави. Тој бизнис е готов. Не постои повеќе. Ние си имаме такси систем“, вели г Ердоган.

Причината за прекинување на работата е значително повисоката цена која се плаќа за регистрирање на такси возило во споредба со регистрацијата на Uber. За регистрација на такси возило се потребни 300 000 долари, а за Uber -возило само 760 долари. Нов закон кој го донесе турската влада го направи регистрирањето на возила за Uber потешко, а сите кои ќе го прекршат законот се соочени со забрана за вршење дејност од 2 години.

Засега Uber не објавил дека планира да се повлече од Турција, но по изјавата на претседателот полицијата започна да казнува. Интересно „жртви“ на овие казни не се единствено возачите, туку и патниците. Казнетите патници платиле 300 лири, што е околу 65 евра, јави Ahval News. Од Uber објавија дека ќе им ги платат казните и на возачот и на патничката.

„Само што не казнија и мене и мојот возач, бидејќи користев Uber“, вели адвокатката Сима Бакташ. Додавајќи дека никогаш нема да користи такси превоз, и ќе ја обжали оваа казна.

Истанбул има над 174 000 такси возила, но поради лошата услуга која ја нудат, Uber релативно брзо успеа да се наметне како нивна алтернатива.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии