ePub Reader e oдличен додаток за Firefox за читање на е-книги

Доколку редовно читате е-книги, сигурно имате потреба од некаков софтвер за читање, особено доколку се работи за ePub книги (.epub – бесплатен и слободен стандард за е-книги). За таа намена ви го претставуваме еPub Reader кој е одличен додаток за книгите да ги читате директно преку вашиот Firefox без потреба да инсталирате дополнителен софтвер. Со овој додаток ќе можете да ги отворите сите .epub датотеки од било кој сајт или да отворите некоја е-книга од вашиот хард диск. Инструкциите за користење на додатокот ќе ви бидат претставени откако ќе го инсталирате додатокот.

Откако ќе преземете некоја epub датотека од некој веб сајт, таа директно ќе се отвори во вашиот прелистувач, a кога ќе ја отворите првата ваша е-книга ќе ги добиете и инструкциите за прелистување на книгата. Содржината на книгата е прикажана на левата страна, па лесно ќе можете да прескокнувате низ главите на книгата, додека пак текстот е претставен на десната страна. Контролите за листање на книгата се во долниот дел на страната, но за полесно листање можете да ги користите копчињата за лево и десно.

Исто така, додатокот ги помни сите отворени книги и создава приватна библиотека од истата. До неа се пристапува преку менито Tools → ePub-Catalog. Од менито на левата страна можете да пристапите до неколку продавници на е-книги и од истите да ги преземете вашите омилени книги. Уште една одлична функција на овој додаток е можноста книгите да ги организирате по ознаки.

Бидејќи се работи за поспецифичен формат на датотеки и голем дел од е-книгите што може да се пронајдат на интернет се во .pdf формат – 2epub.com е одличен сајт за вашите .pdf датотеки да ги конвертирате во .epub. Единствена маана на 2epub.com е тоа што сме ограничени на 25 MB.

2 коментари на “ePub Reader e oдличен додаток за Firefox за читање на е-книги

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии