Epic Store се подготвува да подари 15 игри за претстојните празници

Steam никогаш не открива предвреме кога ќе биде нивната зимска распородажба на игри. Steam никогаш не ни подарува игри. Epic Store, од друга страна, ниту се срами предвреме да открие кога е нивната распродажба, ниту пак се скржави.

Големата зимска распродажба на Epic Store започнува на 17 декември, овој четврток. Голем број игри ќе се продаваат со попусти до 75%, но не се знае дали и овојпат ќе има ваучер од 10 евра. Она што се знае е дека за секој ден од распродажбата, ќе се подарува по една игра. Распродажбата ќе трае 15 дена. Секоја игра ќе биде достапна за бесплатно преземање само 24 часа, така да не планирајте драстично отсечување од светот. :)

Во случај да одамна не сте ја посетиле продавницата, сега е одлично време затоа што се нудат две феноменални RPG игри на Obsidian.

1 коментар на “Epic Store се подготвува да подари 15 игри за претстојните празници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии