Epic Store подарува 12 игри

Веќе цела година како Epic Store се труди да ги освои гејмерите. Првин, со по една игра на две недели, па по 2 игри секоја недела, за да сега реши да ја заврши годината со 12 игри.

Дарежливоста ќе започне на 19 декември и ќе трае до новата година.

Претпоставуваме дека Epic планира да нуди по една бесплатна игра секој ден. Ваквото промо се поклопува и со датумот на нивната прва новогодишна распродажба. Доколку бесплатните игри не ви се допаднат, би можеле да си купите нешто од бројните игри кои ќе бидат на попуст.

Интересно е тоа што 19 декември е и датумот на распродажбата на Steam. И додека другите продавници, како GOG и GMG, даваат сè од себе да понудат распродажба пред таа на Steam, Еpic се чинат крајно самоуверени. Зошто и не би биле кога поголемиот дел од нивните наслови се ексклузиви?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии