Epic Games Store продолжува со давање бесплатни игри и во 2020 година

Epic Games Store функционира цела година. За тоа време, многумина беа крајно незадоволни од нивната политика да држат еден вид монопол и да продаваат ексклузивни наслови. Една од најдобрите работи, меѓутоа, беа бројните игри кои бесплатно се сервираа низ месеците. Кога ќе се земе заработката во предвид, политиката на Epic Games Store за 2019 се покажа исклучително добра.

Имено, за само една година, Epic Games Store привлече 108 милиони корисници кои решиле да потрошат 680 милиони долари. 251 милиони долари спечалите надворешните издавачи со продавањето на нивните игри и додатоци на Epic Games Store. Како најпрофитабилни наслови се споменуваат World War Z, Borderlands 3, The Division 2, Control, Metro Exodus, The Outer Worlds, Dauntless, Satisfactory, па дури и Untitled Goose Game.

Ова ни кажува една работа. Моделот на Epic Games Store беспрекорно функционира, и за компанијата зад Fortnite и за надворешните издавачи и девелопери. Ексклузивните наслови продолжуваат и во 2020 година, но исто и бесплатните игри! Во 2019 година, Epic Games Store подари 73 игри. Според нивните податоци, над 200 милиони копии од игрите биле зграпчени од гејмерите, што е крајно импресивна бројка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии