Envoice е македонска  алатка за фактурирање и наплата на фактури на PayPal, Payoneer и Stripe

Envoice е македонска алатка за фактурирање и наплата на фактури изработена од тимот на Emit Knowledge. Алатката ќе им помогне на сите фриленсери кои за наплата на својата работа користат дел од најпопуларните платформи. Ова најчесто е здодевен и репетитивен процес кој на фриленсерите им троши време кое можат попаметно да го искористат. Сервисите за наплата, интегрирани во Envoice се:  Paypal, Payoneer и Stripe кои и најчесто се користат.

Се чини дека сите најдобри платформи и сервиси се плод на желба за надминување на сопствени проблеми, или како што вели Марјан Николовски, сопствени фрустрации.

„Envoice како идеја настана од сопствената фрустрација за испраќање на Word/PDF фактури до нашите клиенти. Пред да го изработиме Envoice, имавме три процеси: испраќање на фактури до постоечки клиенти; испраќање на фактура до нов клиент; оддржување на листа на фактури и статистики во Excel“, вели г. Николовски од Envoice.

Бројот на конкурентни сервиси не е мал, но едноставноста и вниманието кое од Emit Knowledge го обрнале и на најмалите детали е клучно за квалитетот на овој сервис. Envoice доаѓа со одлична Dropbox и Google Drive интеграција, што секако е клучно за едноставно додавање на фајлови на фактурите.

Што можат да очекуваат корисниците на Envoice

  • Брзо фактурирање – испраќање на фактури за помалку од една минута;
  • Следење на фактурите – Клиентите можат да следат сè (слично како и на Amazon), кога е отворена фактурата, кога е преземена и кога е платена;
  • Интеграција со PayPal, Stripe или Payoneer. Ова овозможува побрзо наплаќање на фактурите. Поддржани се најпопуларните валути, а доколку се покаже потреба ќе бидат додадени и нови;
  • Нотификации за секоја фактура. Корисникот ќе добие известување по наплатата на секоја фактура;
  • Автоматско дуплирање на фактурите – Доколку некоја фактура е идентична корисникот може да ја ископира и да ја испрати истата;
  • Автоматско известување на книговодителот за издадените фактури. Можност за преземање на PDF и принтање на фактурите за нивно локално чување;
  • Едноставен финансиски извешај;
  • Креирање на персонализирани фактури со додавање на лого на истите;
  • Додавање на повеќе дополнителни документи на фактурите, PDF или Word фајлови.

Денес секако не смее да се заборави и на онлајн безбедноста и приватноста. Затоа целокупната комуникацијата е преку SSL криптирана линија. Податоците се дуплираат и криптираат секојдневно.

Envoice има изненадување за читателите на IT.MK, па со користење на следниот линк ќе може да се регистрате  и да добиете попуст на годишната претплата.

Повеќе податоци за Envoice може да прочитате на нивниот блог.

2 коментари на “Envoice е македонска  алатка за фактурирање и наплата на фактури на PayPal, Payoneer и Stripe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии