Envoice Calculator е корисна алатка за сите фриленсери

Македонскиот стартап Emit Knowledge, развивач на Envoice, претстави нова самостојна алатка. Станува збор за калкулатор кој ќе им помогне на фриленсерите кои наплаќаат преку сервисите како PayPal, Payoneer и Stripe.

Envoice Transaction Fee Calculator е бесплатно веб решение кое автоматски пресметува колкав дел од сумата ќе биде искористен за трансакциски трошоци. Алатката е надополнување на сервисот Envoice. Освен пресметување на надоместоците при користење на различни платформи, овозможува и пресметка на потребна уплата за подигање на посакуваната сума.

Пример, ако за некоја работа преку Payoneer добиете 200 евра, по трансакцијата ќе добиете 194. За да добиете точно 200 евра, исплаќачот треба да плати 206.19 евра.

Алатката е едноставна и интуитивна за користење. Корисникот одбира држава и посакувана валута. Потоа одбира по кој пат ќе биде исплатен, PayPal, Payoneer или Stripe, и калкулаторот ги презентира пресметките.

Калкулаторот е во последна фаза, а во моментов може да го поддржите на ProductHunt.

Envoice е македонска алатка за фактурирање и наплата на фактури изработена од тимот на Emit Knowledge. Алатката ќе им помогне на сите фриленсери кои за наплата на својата работа користат дел од најпопуларните платформи. Ова најчесто е здодевен и репетитивен процес кој на фриленсерите им троши време кое можат попаметно да го искористат. Во Envoice се интегрирани  Paypal, Payoneer и Stripe кои се и сервиси кои најчесто се користат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии