ENTiTY со нов спонзор, станаа Next Еvolution

Најуспешниот македонски Counter-Strike тим, ENTiTY сега ќе биде Next Evolution според организацијата со која потпишаа договор. Оваа соработка ќе им овозможи поголема шанса да учествуваат на повеќе интернационални турнири, вели Александар Helius Киселинов, член на ENTiTY тимот.

„Во Македонија е многу тешко да се најде финансиска подршка за еден тим како нашиот, тим кој се натпреварува во видео игра. Поради таа цел сме принудени да бараме спонзори или организации. Ако не се одлучевме да влеземе во организација, ќе требаше да се задоволиме само со еден светски турнир во годината а тоа е недоволно искуство и промоција за нас. Организацијата Next Evolution, за која од денес настапуваме, ни понуди да не одведат на големи интернационални турнири на кои ние треба да го носиме нивното име. Освен тоа тие ќе ни помогнат со сите други услови кои ни требаат за соодветен тренинг.”

ENTiTY, или сега Next Evolution, неодамна го освоија првото место на турнир во Грција, со што станаа шампиони на Балканот.

Next Evolution тимот е составен од: Јован kalaN Каланоски, Александар helius Киселинов, Јован N1GHTMARE Деребаноски, Влатко [email protected] Сековски и Анел NENO Цековиќ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии