ENTiTY победници на qWCG, патуваат во Јужна Кореја

„Прекрасно е чувството да си таму горе на бината, да се натпреваруваш а пред тебе гледаш толку публика. HLTV-то може да се каже дека беше мал кикс, со оглед на тоа што WCG беше заедно со Лан ФЕст и имавме услови за страшен интернет, а со тоа и HLTV-то би било без проблем. Како и да е, се гледа дека секоја година се повеќе и повеќе се учиме, па следната година сигурен сум дека ќе биде без грешка. Околу Лан Фест штета што немаше поголема заинтересираност, сепак имаше доволно како за првпат во Македонија, и се надевам дека ќе продолжи да се организира и следните години, затоа што е настан што го практикуваат многу држави во светот, па зошто не и ние.

Нема да зборувам многу за конкуренцијата на турнирот, пошто стварно не можам добро да ја проценам, видов многу надежни тимови, многу надежни таленти кои ако продолжат да играат сигурно ќе станат носители на Counter Stike во Македонија. Исто околу конкуренцијата не можам да коментирам поради тоа што ние бевме добро спремни, така да не почуствувавме конкуренција. Се надевам следната година (ако сеуште играме) ќе има повеќе интрига и адреналин. Поздрав и ветуваме дека ќе дадеме се од себе да ги браниме боите на Македонија со целиот наш максимум во Кореа. Поздрав.“
</надополнување>

Тимот ENTiTY по вторпат ќе ја претставуваат Македонија на големото финале на World Cyber Games во дисциплината Counter Strike кои годинава ќе се одржат во Бусан, Јужна Кореја од 8-11 декември 2011-та. Тимот на ENTiTY немаше никакви потешкотии во овие квалификации во кои учествуваа досега рекорден број на 60 екипи со вкупен број од 300 натпреварувачи.

Иако тимот на ENTiTY беше неприкосновен на натпреварувањето, мора да се истакне играта на Bloody Dignity кои минатата година настапуваа како две различни екипи (Bloody Rush и 4Dignity) и со своето спојување, стигнаа до големото финале каде беа поразени од еден од најдобрите тимови на Балканот.

Третото и четвртото место припаднаа за EBUNET од Скопје и KGT од Куманово.

За пофалба на настанот, квалификациите беа дел од Лан Фест 2011, беше што големото финале се одигра на бина, како што е традиција во поголемите земји кај што се играат вакви турнири. Единствена замерка е тоа што организаторите не успеаа да обезбедат HLTV за заинтересираните кои сакаа да ги следат натпреварите од дома. Се надеваме оваа грешка следната година ќе биде исправена.

Честитки до ENTiTY и со среќа во Ј. Кореја!

http://twitpic.com/512kh0 – Timot na ENTiTY pocnuva so 1/4 finalnite natprevari #lanfestless than a minute ago via Gravity Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии