Ентериерот на Crew Dragon, автономниот вселенски брод на SpaceX

Дејан Соколоски

во Свет

Crew Dragon, новото вселенско летало од SpaceX, компанијата на Илон Маск, ќе биде поудобно и полуксузно од сите досегашни летала. Со оглед на тоа дека компанијата има искуство со луксузни автомобили, нема да ве изненади и што внатрешноста на вселенскиот брод наликува на автомобил.

Кога ќе биде готов, Crew Dragon ќе биде потполно автономен вселенски брод, кој може да биде управуван или од астронаутите на бродот или од некој од контролата на летање. Засега се е во фаза на изработка, но SpaceX презентираше дел од удопствата кои ќе бидат достапни во леталото.

Анатомски изработените седишта се од карбонски влакна прекриени со алкантара платно, но најголемата предност, која го разликува Crew Dragon од останатите, се четирите прозори од кои патувачите можат да разгледуваат патувањето надвор. Голема предност е и поголемата прегледност на екраните, на кои се менуваат важни податоци за летот.

Без сомневање, речиси сите кои некогаш замислувале патување во вселената, замислуваат нешто поблиску до Crew Dragon отколку до патувањата досега. Ова летало на г-дин Маск, се чини дека е само мал почеток кон вселенскиот туризам, идеја која од SpaceX сеуште не ја потврдуваат и велат дека целта на Crew Dragon е на астронаутите да им овозможи поудобно патување во вселената.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии