Enpass е можеби најдобриот менаџер за лозинки

Во денешно време користиме многу страници каде што се регистрираме и ги оставаме нашите податоци. Но, дали лозинките кои ги користиме се доволно безбедни за да не заштитат?

Има многу сервиси кои може да ни помогнат за да поставиме тешки лозинки на веб страните, и истите да не треба да ги зачувуваме во нашиот прелистувач или на лист.

Enpass е софтвер кој ги складира сите ваши лозинки од сите ваши сајтови каде што сте регистрирани. За разлика од другите конкуренти овој софтвер лозинките ги зачувува во енкриптиран фајл на вашиот компјутер наместо во облакот. Се што треба е само да ја запаметите главната лозинка за отклучување на овој „сеф со лозинки“ .

Enpass како софтвер е бесплатен за компјутер но има апликација за телефон кој е совршена која може да ја користите бесплатно со мали ограничувања или да ја купите целата верзија за мобилен која чини околу 10$.

Што е тоа што го прави Enpass подобар од другите Password Manager апликации е тоа што Enpass е едноставен, може да се користи на сите оперативни системи, има поддршка за прелистувачите и најбитно од се е тоа што сите ваши лозинки се 100% енкриптирани и зачувани локално  на вашиот компјутер и никаде на друго место.

Enpass ги има сите карактеристики што ги имаат и останатите слични апликации и има едноставен и чист дизајн. Покрај лозинките исто така може да ги зачувате вашите кредитни картички доколку често пазарувате онлајн.

Enpass опционално нуди и синхронизација на вашата дата база со лозинки со сервисите како што се iCloud, Dropbox, OneDrive, GoogleDrive, Box и други што нуди опција сите ваши лозинки да бидат на повеќето ваши уреди .

Има вграден генератор на лозинки кои по избирањето на лозинката истата можете да ја зачувате и во наредни најавувања на одреден сајт да не треба да ја впишувате туку автоматски да се пополнат формите за најава.

Мобилната апликација исто така има вграден прелистувач кој што може да го користите, но исто така нуди поддршка и за останатите прелистувачи на вашиот мобилен уред. Можете да користите PIN за отклучување на вашиот „сеф со лозинки“ како и Fingerprint доколку вашиот мобилен уред има поддршка.

Enpass беше оценет како најбезбеден софтвер за лозинки. Сите податоци се зачувуваат локално така да шансите некој да пристапи до вашиот фајл со лозинки се ептен мали, но и покрај тоа Enpass користи 256-bit AES енкрипција што дополнително нуди заштита.

Моја препорака е доколку сакате да го користите Enpass и на мобилни уреди, користете ја опцијата Google Drive за синхронизирање со вклучена верификација во 2 чекори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments