Енкриптирајте ги податоците во Windows регистарот со EncryptedRegView

DPAPI или Data Protection Application Programming Interface e едноставна криптографска апликација која е вградена компонента во оперативните системи со и по Windows 2000. Нејзината цел, меѓудругото, е да шифрира податоци во регистарот на Windows, податоци како одредени лозинки и информации запишани од апликации од Microsoft или апликации од трети лица. Во случај да сакате да пробате да ги дознаете овие лозинки, односно податоци, би можеле да успеете во намерата со програмот EncryptedRegView.

За да започнете, покренете ја апликацијата како администратор и изберете од горниот панел која информација да ви биде прикажана во долната област. Од десната страна можете да видите каков текст програмот нашол, односно декриптирал.

EncryptedRegView e бесплатна системска алатка која доаѓа од одамна докажаниот NirSoft. Работи на сите верзии по Windows XP и има подржана верзија и за 64-bit и за 32-бит. Една од практичните работи е тоа што алатката се испорачува во .exe форма и не бара какви било инсталациони процеси или дополнителни DLL фајлови, но тоа може да биде и злоупотребено, затоа по преземањето проверете го фајлот и истиот скенирајте го со анти-вирус.

Преземете го EncryptedRegView од официјалниот сајт.