ИТ настан: Започнува Engage 2016, конференција за друштвен активизам

Image courtesy of Engage/Facebook

По петти пат Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на Engage 2016, конференција за друштвен активизам кој e еден од настаните кои не сакате да ги пропуштите. Оваа година концептот на конференцијата е малку поразличен, па настанот ќе биде поделен во неколку денови кои ќе се одржат во различни месеци. Првиот настан е закажан на 23 април.

Посетителите во Кино Култура ќе можат да ги проследат говорите и одговорите на коеи од прашањата на: Валерио Мускела, фотограф, репортер и активист од Италија; Петар Ванхојте, поранешен член на белгискиот парламент, писател и медијатор на политичката криза во Македонија; Ирен Сомер, политиколог и активист за човекови права од Турција; Милан Диневски и Дамјан Кокалевски, архитекти и основачи на City Creative Network Македонија; организаторите на #РетвитниОброк, граѓанска самоодржлива иницијатива за хумани цели; Тамара Димитрова, член на работниот тим на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информациски технологии; Христена Антовска Јованчева од граѓанска иницијатива „Го сакам Аеродром“; и Ленче Даниловска и Невена Георгиевска од граѓанска иницијатива “К4”.

Настанот традиционално е подоелен во два дела, попладневниот започнува во 12:00 часот и ќе заврши со проекција на 4Stelle Hotel– документарен филм на Поло Палермо и Валерио Мускела. За 21:30 часот е најавена Engage the Night забава на која концерт ќе имаат RIB, а настап ќе има и Бодан Јамакоски.

Со оглед на тоа дека местата се ограничени, заинтересираните ќе треба да се регистрираат, за сите кои нема да можат да присуствуваат во живо, Engage повторно ќе обезбеди и видео стрим.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии