Енди Рубин го остава Android, Google ќе го замени со Сундар Пичаи

Лери Пејџ неочекувано извести дека Енди Рубин, креаторот на Android платформата на која сега работат над 750 милиони паметни телефони, веќе нема да го води Android. На негово место ќе биде поставен Сундар Пичаи кој ќе продолжи да ги води Chrome и Google Apps. Енди Рубин ќе остане во Google, но нема најава каква функција ќе врши во компанијата.

Интересно, AllThingsD сугерира дека Сундар Пичаи е ставен на таа позиција бидејќи работи на Chrome OS и можеби е прав човек кој ќе најде начин да ги спои двата оперативни системи на Google, па дури и да му се овозможи на Google да креира лаптопи со екрани на допир, иако самиот г. Пичаи минатиот месец изјави дека „Во Google сме задоволни со двете различни гледишта, и работиме на двете“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии