EndevorRX е прва видеоигра на лекарски рецепт

IT.mk редакција

во гејминг

Бројот на видеоигри кои ветуваат дека ви ги подобруваат рефлексите, координацијата, меморијата не е мал, и овие видеоигри ги има во изобилство. Она што го разликува EndavorRX oд овие игри е што за првпат видеоигра доби поддршка и од Федералната агенција за храна и лекови.

Агенцијата даде потврда дека играта е корисна во справување со недостаток на внимание и хиперактивност (ADHD). EndavorRX им помага на децата за подобра концентрација. Една третина од децата по четири недели играње 25 минути на ден веќе немале забележливи симптоми на ADHD. Сепак мора да имаме предвид дека лекарите кои работеле на студијата работеле за студиото кое ја развива играта.

„Горди сме што денес сме дел од историјата со оваа одлука на Федералната агенција за храна и лекови. Со EndeavorRx користиме технологија за да помогнеме во лекување на состојба на сосем нов начин, со директно таргетирање на невролошките функции на начин кој делува како да е забава“, вели Еди Мартучи од Akili.

Сепак и лекарите од студиото кое ја изработи играта додаваат дека иако EndavorRX помага, сепак не е замена за традиционалниот третман.

Најавата е дека играта ќе биде достапна на iPhone и iPad, но барем засега официјално не е достапна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии